Македонија

Руте „многу горд“ што си ја избрал Шекеринска за заменичка во НАТО

Генералниот секретар на Алијансата изрази благодарност за „знаењето и искуството што ги носи“ ексминистерката за одбрана

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, во своето обраќање пред македонското Собрание се осврна и на изборот на Радмила Шекеринска за негова заменичка, истакнувајќи дека самиот ја донел одлуката да ја назначи на оваа позиција.

Тој изрази благодарност до Шекеринска за „знаењето и искуството што ги носи во НАТО“, кои, како што рече, се од големо значење и за него и за Алијансата при разгледувањето и решавањето на безбедносните предизвици за нашиот регион и пошироко.

„Како што знаете, Радмила беше членка на овој Парламент и служеше во Владата на Северна Македонија. Таа беше одличен избор да му се приклучи на раководниот тим на НАТО. И тоа можам да го кажам со сигурност, бидејќи беше моја одлука да ја назначам. И многу сум горд за тоа“, рече Руте.

Најнови вести од: Македонија

Панов: На оспорувањата на македонската историја не одговараме со зборови, туку со историски документи и проверливи факти

Институтот за национална историја денеска ги промовираше резултатите од проектот проектот „Извори за историјата на Македонија – тематска целина религија“. Оваа колективна монографија е замислена како долгорочен макропроект, структуриран во повеќе тематски целини, насочени кон прибирање и критично проучување на историската граѓа за Македонија, проширување на документарната основа и отворање нови истражувачки прашања. Ова го објави „МКД.мк.“

Николоски за ЕРНО: Инвестираме меѓу 5 и 6 милијарди евра во Коридорите 8 и 10

Меѓу 5 и 6 милијарди евра инвестираме во подобрување на инфраструктурата само на коридорите 8 и 10. Ја имаме уникатната позиција овие коридири да се сечат токму во Македонија и мора да ја искористиме за да останеме конкурентна транзитна рута, вели Николоски во интервју за регионалната мрежа ЕРНО.

To top