Македонија

Практична крипто едукација за почетници на Binance Learning Lab во Скопје

Сандро Слукан, регионален маркетинг менаџер за Балканот, ја нагласува важноста на ваквите настани за сите што сакаат да влезат во светот на крипто со повеќе знаење и самодоверба: „Растечкиот интерес за крипто и дигитални финансии покажува дека регионот брзо се развива, а со Learning Lab сакаме да им овозможиме на сите што сакаат да започнат преку практична работа и разговор со експерти, да ги стекнат неопходните знаења. Продолжуваме со нашата мисија крипто да го направиме достапно, разбирливо и блиско за сите“, истакнува Слукан.

Единствена можност да се научат основите за крипто, со практични совети и безбедно тргување на Binance Learning Lab, едукативниот формат на Binance, кој ќе се одржи на 5 март 2026 година, во Адева The Hub (Бул. Партизански Одреди бр. 17, Скопје). Интерактивната работилница е наменета за сите што сакаат да научат јасно, практично и безбедно тргување на берзата. Учеството е бесплатно, но местата се ограничени и е потребна задолжителна регистрација преку официјалната страница на настанот.

Learning Lab е креиран за почетници, како и за сите што имаат интерес, но се двоумат како да започнат, од основно разбирање на дигиталните средства, преку првите чекори на платформа, до клучни совети за безбедност и одговорен пристап. Ќе се споделат практични насоки со директно поставување прашања и  поврзување со луѓе со слични интереси и локалната крипто-заедница.

Сандро Слукан, регионален маркетинг менаџер за Балканот, ја нагласува важноста на ваквите настани за сите што сакаат да влезат во светот на крипто со повеќе знаење и самодоверба: „Растечкиот интерес за крипто и дигитални финансии покажува дека регионот брзо се развива, а со Learning Lab сакаме да им овозможиме на сите што сакаат да започнат преку практична работа и разговор со експерти, да ги стекнат неопходните знаења. Продолжуваме со нашата мисија крипто да го направиме достапно, разбирливо и блиско за сите“, истакнува Слукан.

Работилницата е осмислена како практичен водич со директна поддршка од искусни Binance регионални експерти, идеално за почетници без конфузија и со јасни чекори:

  • Регистрација на Binance и KYC (Know Your Customer) верификација
  • Спот и фјучерс тргување – вовед во спот пазар, основи на фјучерси и практична вежба
  • Стакинг (заработка) и DCA стратегија (просечно пресметување на цената на доларот) – што е staking, како се заработуваат награди, како функционира DCA пристапот + практична демонстрација
  • Крипто безбедност и безбедна навигација – 2FA, биометриска заштита (препознавање лице/отпечаток), најдобри практики за заштита на средства и совети како да се избегнат измами
  • Следење on-chain адреси – како да се следат и анализираат on-chain трансакции, алатки и ресурси за блокчејн транспарентност
  • Игри и награди

Регистрацијата за сите учесници е задолжителна на линкот. Обезбедете го вашето место на време и започнете го вашето крипто патување со експерти од Binance.

Најнови вести од: Македонија

Самсунг (Samsung) ја претстави серијата Galaxy S26 во Македонија: Ера на интелигенција без напор и врвна приватност

Моќен хардвер, водечки во индустријата систем на камери и напредни, интуитивни искуства со вештачка интелигенција наскоро достапни и за корисниците во Македонија

(Видео): Жена е убиена поради институционални слабости – понорот се полни со човечки животи, рече Битиќи

Во општество во кое доминираат дискриминацијата и понижувањето, жените постојано се принудени да докажуваат дека заслужуваат да бидат слушнати, почитувани и заштитени. Тој посочи и на економската нееднаквост со која се соочуваат жените, нагласувајќи дека само околу 38 проценти од жените се вработени, додека 57 проценти се економски неактивни, а кај младите жени стапката на вработеност изнесува 27,6 проценти, наспроти 39,3 проценти кај младите мажи.

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна, но можно е поскапување на нафтата, се бараат начини да се намали ударот врз граѓаните

Стабилна и мирна е безбедносната состојба по воените дејствија на Блискиот Исток, изјави премиерот Христијан Мицкоски, дополнувајќи дека се можни економски предизвици во иднина. На седницата на Советот за безбедност организирана од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова, премиерот вели дека направиле анализа врз основа на информациите што ги добиле од службите и од министерствата за одбрана и за внатрешни работи.

To top