Македонија

Македонски државјанин пукал вчера од автомобил кон група луѓе во Егл, Швајцарија – по филмска потера уапсен!

По тежок оружен инцидент, кој се случил вчера, на 5 март 2026 година, државјанин на Македонија бил уапсен во Швајцарија. Според полициските информации, 34-годишниот осомничен, од автомобил пукал кон група луѓе. Потоа уследила вистинска драма низ улиците. Настанот се случил околу 13 часот во индустриската зона на градот Егл. Првичните информации од надлежните укажуваат дека мотивот за пукањето е претходна меѓусебна расправија. Притоа немало повредени лица.

Осомничениот од своето возило испукал најмалку еден куршум во близина на мала група мажи кои стоеле пред јавен локал. Веднаш по пукањето сторителот се вдал во бегство. Две лица од нападнатата група веднаш влегле во автомобил и започнале потера по него сè до местото Бекс, каде што му ја изгубиле трагата.

По губењето на трагата, швајцарската полиција покренала огромна потрага. Македонскиот државјанин конечно бил откриен и уапсен во местото Шател-сур-Бекс. Немал пријавено живеалиште во Швајцарија.

Тамошното обвинителство против него веќе отворило официјална кривична истрага, заради целосно расчистување случајот. Во меѓувреме за 34-годишниот осомничен е поднесено барање за одредување притвор.

Најнови вести од: Македонија

Модернизација на итната помош: Владата набавува 100 нови амбулантни возила

Оваа инвестиција е дел од поширок процес на модернизација и суштинско јакнење на системот за здравствен одговор во кризни состојби, преку подобрување на итната медицинска помош и зголемување на оперативната способност на целиот здравствен систем.

To top