Македонија

Тошковски по акцијата со ФБИ: Доказ дека македонската полиција има оперативен капацитет

Особено сум горд на нашите полициски службеници, чија стручност и посветеност стојат зад овој успех, посочува Тошковски

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски се огласи на социјалните мрежи по успешно спроведената заедница акција меѓу македонската полиција и ФБИ.

Тој вели дека кога резултатите од работата на македонската полиција добиваат јавно признание од ФБИ, тоа е потврда дека посветеноста, професионалноста и меѓународната соработка даваат конкретни резултати.

-Успешното апсење на администраторот на криминалната платформа OLVX, реализирано во соработка со ФБИ, покажува дека македонската полиција има оперативен капацитет да биде рамноправен и доверлив партнер во борбата против транснационалниот сајбер-криминал. Особено сум горд на нашите полициски службеници, чија стручност и посветеност стојат зад овој успех, посочува Тошковски.

Министерот додава дека ова признание е за нив, а нивна обврска е да продолжат да ги зајакнуваат капацитетите на македонската полиција и да ја оправдуваат довербата на меѓународни партнери.

Најнови вести од: Македонија

РЕС СО НОВА ПОНУДА ЗА 2027: ДО 40% ПОНИСКИ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ФИКСНА ЦЕНА И ДОПОЛНИТЕЛНИ ПОПУСТИ ДО 6.000 ДЕНАРИ

Компаниите што ќе склучат договор со РЕС на една или две години ќе добијат фиксна цена на електричната енергија и дополнителни попусти од 3.000 или 6.000 денари за редовно плаќање на сметките. За средните и големите претпријатија, РЕС нуди и бесплатна анализа на исплатливоста од инвестирање во батериски системи за складирање електрична енергија

To top