Свет

Расте бројот на жртви по руските напади во Украина

Напади со жртви се регистрирани и во Днепропетровската и Сумската област

Бројот на жртвите во рускиот воздушен напад врз Харков во текот на ноќта се искачи на десет лица, со што вкупниот број загинати во вчерашните масирани бомбардирања низ Украина достигна 12, соопштија локалните власти.

Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, потврди дека спасувачките екипи извлекле тело на десетта жртва од под урнатините на погодена петкатница во центарот на градот. Меѓу загинатите се наставничка и нејзиниот мал син, како и уште една мајка со дете во тинејџерска возраст. Повредени се и три деца на возраст од 6 до 17 години.

Напади со жртви се регистрирани и во Днепропетровската и Сумската област, каде 24-годишен маж бил убиен во неговиот автомобил. Обласниот гувернер Олег Григоров ги обвини руските сили дека намерно таргетираат цивилни возила. Иако локалните власти јавуваат за погодени станбени објекти и повредено новороденче во Запорожје, Русија тврди дека нападите биле насочени исклучиво кон „воени цели“ и дека нејзините сили собориле 124 украински дронови во текот на истата ноќ.

Најнови вести од: Свет

Нафтата поевтинува, Трамп со жестоки критики за нафтените компании кои не ги намалуваат цените за потрошувачите

Според податоците од 23 јуни, националната просечна цена на еден галон обичен бензин изнесувала 3,926 долари, што е значително помалку во споредба со 4,529 долари колку што изнесувала пред еден месец.

Сенатот не му дава на Трамп да војува со Иран

Во објава доцна синоќа, Трамп го критикуваше гласањето, нарекувајќи го „лошо темпирано“ и бесмислено, и ги обвини оние кои гласаа за резолуцијата дека му даваат поддршка на Иран и уште повеќе му го отежнуваат извршувањето на неговите должности

Најнови вести

To top