Свет

Силна експлозија пред американската амбасада во Осло

Силна експлозија денеска одекна пред зградата на амбасадата на САД во главниот град на Норвешка, Осло, предизвикувајќи помала материјална штета, но без жртви и повредени, соопшти норвешката полиција. Експлозијата се случила во комплексот на американската дипломатска мисија во западниот дел на Осло околу 1:00 часот по локално време.

– Ударниот бран од експлозијата беше во американската амбасада – изјави портпаролот на полицијата Микаел Делмер за норвешката јавна телевизија Ен-Ер-Ко (NRK), додавајќи дека експлозијата го оштетила влезот на конзуларниот оддел.

Штетите се опишани како незначителни, а полицијата одби да го коментира видот на експлозивната направа додека истрагата е во почетна фаза.

Шеснаесетгодишен жител на населбата, кој за телевизијата Те-Ве 2 (TV2) се претстави само како Едвард, опиша дека глетката по силниот звук вклучувала полициски кучиња, дронови, вооружени полицајци и хеликоптери.

Најнови вести од: Свет

Говедското месо во оваа земја поскапе за 150%, слабее и валутата

Иран се закани со одмазда против секоја земја што ќе се приклучи кон новата американска кампања за економски притисок врз Техеран, додека Вашингтон најавува потег што американскиот министер за финансии, Скот Бесент, го опишува како „најголема финансиска офанзива некогаш покрената против некој противник“.

Која е русокосата асистентка на Трамп која му е поважна и од државниот секретар Рубио?

За време на кампањата на Трамп, наводно, Натали се нашла во неговите приватни простории во Мар-а-Лаго, во делот во кој обично е забранет пристап за сите надвор од семејството, каде што на неа наишла Меланија Трамп. Харп наводно му доставувала документи на претседателот бидејќи не сакала да чека до утрото

To top