Хроника

Лажен полицаец во Штип одзел возило, удрил друго и нападнал вистински полицаец

Штипјанецот стигнал и да одзеде куче од жена и да оштети банкомат пред да биде уапсен во угостителски објект

Штипјанец се надминал себеси во текот на ноќта и утрово со повеќе прекршувања на законот во градот под Исарот, за на крајот да биде уапсен во угостителски објект.

„Денес (09.03.2026) околу 09:00 часот, полициски службеници од СВР Штип во угостителски објект на ул. „Сутјеска“ во Штип го лишиле од слобода Б.Х.Ј. (46) од Штип.

Околу 08:00 часот, пред влез на средно училиште на подрачјето на Штип, тој од М.А. од Штип одзел службено возило „Пежо“ со штипски регистарски ознаки, откако го сопрел претставувајќи се лажно како полициски службеник и извршил лажен претрес во возилото, по што се упатил кон населбата Ново Село.

Притоа, Б.Х.Ј. предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило на ул. „Маршал Тито“, а потоа продолжил кон центарот на градот. Околу 08:45 часот на ул. „Сутјеска“ пресретнал жена од Штип која се движела со куче и насилно и го одзел кучето, по што се оддалечил од местото.

По преземени мерки од страна на полициски службеници од СВР Штип, возилото било лоцирано, а лицето лишено од слобода. При лишувањето од слобода, полициски службеник се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Штип.

Во текот на ноќта, истото лице било пријавено и во уште два настани – поради расправија и упатување навреди, како и за оштетување банкомат во објект на ул. „Сутјеска“.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

 

Најнови вести од: Хроника

Вчера во цела Македонија казнети 166 пешаци, поради небезбедно преминување улица надвор од пешачки премин

Во текот на вчерашниот ден (17.08.2026) од 9 до 15 часот Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајна контрола на територијата на целата држава, заради казнување прекршоци, што ги прават пешаците. При контролата казнети се 166 пешаци, од кои 137, поради небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин.

Крвава драма во Батинци: Петмина ги нападнале И.М. (41) и неговиот малолетен син и им нанеле расекотини со остар предмет!

Според полицискиот билтен, синоќа околу 20 часот во СВР Скопје И.М. (41) пријавил дека во двор од неговата куќа во скопското село Батинци бил физички нападнат од С.С., М.С., Н.С., А.С. и Р.С.

To top