Македонија

Петмина Македонци избрани за советници во швајцарски Ешалан

Сите се по потекло од струмичко, а на локалните избори во други општини учествуваа уште четворица нашинци

Македонската заедница во Швајцарија слави историски успех – петмина Македонци се избрани за членови на Советот на Општина Ешалан, која има 4.750 жители и се наоѓа во францускиот дел на земјата.

Сите петмина се по потекло од струмичко, со години живеат и работат во Швајцарија и се од листата на непартиското движење „Договор за Ешалан“: Драги Митров од Струмица, Тони Стојанов од Мокриево, Дејан Златков од Секирник, како и Слаѓана Спасов Пасков и Ване Јефтимов, двајцата од Мокрино.

Македонците се во значителен број во Ешалан, околу 600 од нив имаат право на глас на локалните избори, а ги обединува Македонското добротворно друштво „Македонија“.

Од движењето „Договор за Ешалан“ е и градоначалникот Серж Борник.

На локалните избори се кандидираа уште четворица Македонци во други општини, и тоа Васе Јованов од Сушица за советник во Шаван, Павле Велков од Босилово во Екублан, Бране Трајчевски од во Ивердон и Костадин Стојанов од Сушица во Белфо. Резултатите од изборите во овие општини се очекуваат дополнително.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

To top