Во случајот „Бигмалион“, Апелацискиот суд во Париз на 14 февруари 2024 година го осуди Саркози на една година затвор поради нелегално финансирање на неговата претседателска кампања во 2012 година. Од таа казна, шест месеци беа задолжителни, а пресудата стана правосилна на 26 ноември 2025 година. Судот одлучи затворскиот дел од казната да биде извршен со алтернативни мерки, меѓу кои електронска нараквица и режим на полуслобода.
Претходно, Саркози беше осуден и во случајот со прислушување за корупција и злоупотреба на влијание, за што доби тригодишна затворска казна, од кои една година задолжителен затвор со електронска нараквица. Таа пресуда стана правосилна во декември 2024 година, а тој ја носеше електронската нараквица од 7 февруари до 12 мај 2025 година.
Бидејќи имаше 70 години, Саркози побара и доби условно ослободување пред да ја отслужи половина од казната, што е дозволено според француското законодавство за лица на таа возраст.
Дополнително, во октомври 2025 година тој беше осуден на пет години затвор во случај поврзан со нелегално финансирање на претседателската кампања во 2007 година со средства од поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи. Во рамки на тој случај, Саркози помина и околу три недели во притвор.
Жалбената постапка во овој случај е закажана за 16 март.