Анимирано видео, во кое прикажува напад врз нуклеарната програма на Иран, објави Белата куќа на својот официјален профил на X платформата.
Видеото, кое трае приближно 34 секунди, користи метафора за куглање: иранските претставници се прикажани како кегли, а американскиот удар е прикажан како топка со пруги во боите на американското знаме што ги соборува.
На крај на видеото монтирана се реални снимки од ракетата која погодува иранска цел придружено со натпис „STRIKE’“ (удар)..
Белата куќа објави неколку вакви видеа во последните недели кои комбинираат снимки од вистински напади врз ирански цели со елементи од филмови, видео игри и други медиуми како дел од операцијата „Епски бес“, чија официјална цел е да се уништи ракетниот арсенал и морнарицата на Иран и да се спречи развојот на нуклеарно оружје.
STRIKE. 💥🦅 pic.twitter.com/XMzNNtlT63
— The White House (@WhiteHouse) March 12, 2026