Свет

Во Јемен гладуваат 17 милони луѓе

Бројката би можела да се зголеми на 18 милиони до септември без брза и проширена хуманитарна помош

По повеќе од една деценија конфликт меѓу бунтовниците Хути и владините сили во Јемен.

Милиони животи и средства за живот остануваат во опасност, а конфликтот не покажува знаци дека ќе заврши.

„Апетитот за воена ескалација останува“, вели Ханс Грундберг, специјален претставник на ОН за Јемен.

Иако насилството останува непосредна закана, тој истакна дека економијата сега стана „најактивната фронтова линија“ на конфликтот: националната валута е во слободен пад, а куповната моќ брзо се намалува, сиромаштијата е секојдневна закана.

„Малку пари што луѓето ги имаат во џебовите или паѓаат во вредност или буквално се распаѓаат“, рече тој.

Во моментов, 17 милиони луѓе се соочуваат со несигурност во храната – бројка што би можела да се зголеми на 18 милиони до септември без брза и проширена хуманитарна помош.

Повеќе од еден милион деца под петгодишна возраст страдаат од неухранетост што го загрозува животот, ставајќи ги во опасност од трајно физичко и когнитивно оштетување.

„Не сме виделе вакво ниво на сиромаштија уште од пред примирјето посредувано од ОН на почетокот на 2022 година“, рече Том Флечер, заменик-генерален секретар на ОН за хуманитарни прашања.

Најнови вести од: Свет

Ормускиот Теснец ќе биде отворен, но ако Иран наплаќа такса

Техеран тврди дека трајниот мировен договор треба да му дозволи да наплаќа такси за бродовите што минуваат низ теснецот, кои би варирале во зависност од видот на бродот, неговиот товар и преовладувачките услови

Паѓа рејтингот на Мерц, расте популарноста на АФД

Популарноста на германскиот канцелар драстично опадна во неговата прва година на функцијата, при што рекордни 77% од испитаниците во анкетата на INSA рекле дека се незадоволни од неговата работа, што е зголемување од 6 поени во однос на април.

To top