Свет

Туркије останува безбедна туристичка дестинација: Побарувачката за аранжмани е висока, патувањата и летовите се одвиваат нормално

Министерството за туризам и Агенцијата за промоција на туризмот на Туркије

Министерството за култура и туризам на Република Туркије и Агенцијата за промоција и развој на туризмот на државата (ТГА), информираат дека туристичките активности низ целата земја се одвиваат целосно нормално и вообичаено, а побарувачката за патувања во Туркије останува на исклучително високо ниво. И покрај засиленото медиумско известување за конфликтот во одредени делови од поширокиот регион на Блискиот Исток, факт е дека Туркије е медитеранска земја и не е страна во овој конфликт.

Нејзините водечки туристички дестинации, како што се Истанбул, Анталија, Бодрум, Измир, Кападокија, Егејскиот брег и Турската ривиера, кои се меѓу најпосетуваните во светот, продолжуваат сосема редовно и без прекин да пречекуваат гости од Европа, Северна Америка и од регионот Азија-Пацифик.

Неколку клучни факти кои се базираат на актуелната состојба од теренот потврдуваат дека туристичката индустрија во Туркије функционира целосно непречено. Прво, одморите во Туркије се одвиваат како и обично, а сите туристички капацитети, како што се ресортите, хотелите, туристичките тури и воопшто сите искуства во главните туристички дестинации функционираат онака како што е планирано и во согласност со резервациите. Нема затворања, прекини или какви било владини ограничувања поврзани со туристичките активности во ниту еден дел од земјата. Исто така, сите летови кон и од турските аеродроми се реализираат според редовниот распоред. Нормално функционираат аеродромите во Истанбул, Анталија, Бодрум, Измир, како и сите останати големи меѓународни аеродроми.

Ниту еден аеродром не е затворен, ниту, пак, постојат било какви ограничувања или пренасочувања на летови поради регионалните случувања, а авиокомпаниите што оперираат кон Туркије не пријавиле ниту еден откажан лет поврзан со конфликтот. И трето, но многу битно, е дека летната сезона 2026 во Туркије е отворена за резервации, кон кои може да се пристапи со целосна доверба.

Побарувачката за туристички аранжмани и резервации останува висока кај патниците кои имаат јасна претстава за географската положба на земјата. Министерството за култура и туризам на Туркије и натаму ќе биде посветено на поддршка и комуникација со партнерите и со туристичкиот сектор, преку обезбедување податоци, изјави и дополнителни информации кога тоа ќе биде потребно.

Најнови вести од: Свет

ЕУ почна со забраната за увоз на руски гас преку цевководи

Посебна тужба против регулативите поднесе и швајцарската компанија „Норд стрим 2 АГ“, операторот на гасоводот „Норд стрим 2“. Таа компанија бара одлуката или нејзините клучни одредби да бидат поништени, тврдејќи дека забраната ефикасно ја лишува од можноста да го користи гасоводот за комерцијални цели.

Цената на нафтата паднаа под 80 долари за барел в очи на договорот меѓу САД и Иран

Цените на нафтата на светските пазари паднаа денеска за повеќе од пет отсто, под 80 долари по барел. До оваа ситуација дојде по сигналот дека САД и Иран би можеле веќе оваа седмица да постигнат договор со кој би се овозможил непречен премин на танкерите низ Ормускиот теснец и обнова на извозор на енергенси од регионот на Персискиот залив, пренесе „Трејдинг економикс“.

Трамп: Лага е дека САД му плаќаат на Иран 300 милијарди долари за мир

Претседателот на САД, ги отфрли тврдењата дека Вашингтон му обезбедува финансиска помош на Иран, нарекувајќи ги извештаите за финансирање од САД „лажни вести“ во услови на извештаи за пакет за реконструкција вреден повеќе милијарди долари, објавија Ен-Би-Си њуз и Фајненшнел тајмс.

To top