Македонија

Весна Петрушевска им се обрати на сите лажни моралисти: Не си присвојувајте туѓи животи

Затоа што сите сте многу чесни, а се потепавте од изневерување и прељуби

Актерката и хуманистка Весна Петрушевска објавува порака до сите кои реагираат на нејзината изјава за љубовна врска со екс претседателот Бранко Црвенковски.

 

,,Да не мислите дека ќе ви молчам на вас лажни моралисти и полусветови ❤️ па колку сте недуховити и олоши 🖖срцки мои сепак ги исполнивте моите очекувања, оти во животот не сум кажала во медиум нешто што не сум сакала.Тоа е само мое, не си присвојувајте туѓи животи, а најмалку пак да судите❤️праќам љубов, најдобри сте”, објави Петрушевска на Фејсбук.

 

,,Затоа што сите сте многу чесни, а се потепавте од изневерување и прељуби, затоа што се потепавте да играте улоги на добри родители, а децата ви се неписмени, затоа што морализирате а подалеку од носот не сте мрднале, затоа што и покрај тоа што е ми се случува во животот јас не престанав да бидам поветена мајка, професорка на илјадници деца кои се пример за ова општество, затоа што се борам за значајни нешта во оваа држава, затоа што имам над 3000 изведби, над 700 тв емисии проекти, вие се фативте за агера кога сум била младо девојче и притоа сама одлучувам да си ја кажам оти ми е гајле што ќе кажете.

Точно знаев дека ќе морализирате оти вие сте чесни, вие не правите ништо освен што сте јаки на тастатура.

Јас исчував деца оставени, сама направив кариера, сама создавам! Се извинувам што не сум светец-светица како вас. Уф ќе заборавев бев и прва на барикадите за накедонскиот јазик и идентиетот, вие веројатно сте имале попаметна работа. Фала многу и пријатно,струја дома не ми плаќате ❤️❤️❤️срцки тие па и неталентирано духовити ❤️”, пишува Петрушевска за сите што ја осудија дека беше искрена кога зборуваше за нејзината младост.

Во продолжение нејзината исповест која дава детали за начинот на кој се гледала со еден од најмоќните луѓе во историјата на независна Македонија

Актерката Весна Петрушевска открива со кој македонски премиер била во едногодишна тајна врска (ВИДЕО)

 

Најнови вести од: Македонија

Пркосот на масакрираната „Македонска сончева колона“ од Ваташа кон бугарските фашисти на 16.6.1943: Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!

На денешен ден, на 16 јуни 1943 година беше извршен Ваташкиот масакр, најголемото злосторство врз македонскиот народ за време на Втората светска војна во Македонија, покрај Дабничкиот колеж. Со намера да го спречи големиот подем на народно-ослободителното движење во Македонија, а сѐ во рамките на Јунската непријателска офанзива, бугарскиот фашистички окупатор во месноста „Моклиште“ масакрира и стрела 12 Македонци од селото Ваташа на возраст од 15 до 27 години. Во пролетта 1943 година, по повеќе акции на партизанските одреди на Третата оперативна зона, три полка бугарска војска и одреди полиција, под команда на полковникот Апостолов, од 7 до 16 јуни 1943 година започнува со офанзива за уништување на партизаните. Но, откако доживува неуспех, се нафрла и на мирното население. Врвот на бугарските погроми над цивилното македонско население е ваташкиот масакр „во чест“ на роденденот на бугарскиот престолонаследник Симеон ІІ. Дали и кога ќе дојде бугарски претседател, или премиер, во Ваташа да клекне пред масакрираните Македонци и да побара прошка во име на бугарската држава и народ, како што стори германскиот канцелар Вили Брант на 7.12.1970 пред споменикот на Евреите од Варшавското гето во Варшава, стрелани од германските фашисти? Тој дождлив ден германскиот канцелар Брант беше клекнат на колена само 30 секунди, но во таа половина минута испиша ново поглавје во германската историја. Дали може и бугарски политичар да испише денес ваква нова страница, вакво нови поглавје во нивната бугарска национална историја, засебна од македонската историја? Па дури тогаш да започне вистинска, нова ера на вистински македонско-бугарски добрососедски односи со заемно разбирање, признавање и пријателство?

To top