Швеѓанецот Арманд „Мондо“ Дуплантис постави нов светски рекорд во скок со стап, јубилеен 15. за него, прескокнувајќи 6,31 метри пред своите сонародници на атлетскиот митинг во Упсала, и тоа во првиот обид!
Суперѕвездата во оваа дисциплина немаше никакви грешки на патот до својот рекорден скок, започнувајќи со 5,65 метри пред да прескокне 5,90 м и 6,08 м. и на крајот за еден сантиметар да го подобри сопствениот планетарно најдобар резултат поставен во декември минатата година во Токио.
Норвежанецот Сондре Гутормсен заврши втор со 6,00 метри, неговиот втор скок од шест метри оваа сезона.
„Ова е мојот дом“, ѝ се обрати Дуплантис на публиката. „Ова е нашиот дом. Така е. И знаете дека секој пат кога сум на патеката, ве претставувам. И го правам тоа со голема гордост. Многу сум горд што можев да го направам ова пред вас. Скокам за себе, скокам за моето семејство, но скокам и за вас, за Шведска и за сите што ме поддржуваат“.
Дуплантис е сопственик на светскиот рекорд во скок со стап од 2020 година, кога ги симна од врвот Рено Лавилени и неговиот скок од 6,16 м од 2014 година.
WORLD RECORD!!!!!!! 👏👏👏
Watch Mondo Duplantis 🇸🇪 improve his pole vault world record to 6.31m in front of a home crowd in Uppsala.
🎥 Mondo Classic (IG) pic.twitter.com/wgIccRG7uF
— Owen (@_OwenM_) March 12, 2026