Свет

Баран „за учество во геноцидот во Газа“

Реакција на надворешнополитичкиот став на Хрватска и Европската Унија кон војната во палестинската енклава

Постери со фотографии од хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и министерот за надворешни работи Гордан Грлиќ Радман се појавија во излог во деловен центар во Дубровник, јавуваат хрватски медиуми.

На постерите пишува „БАРАНИ за учество во геноцидот во Палестина“ и се повикува на „раскинување на договорот ЕУ-Израел“.

Стилот потсетува на потерници, со илустрации на двајцата функционери покрај полициски линии за мерење на висина.

Сè уште не е познато кој стои зад постерите или кога точно биле поставени, но тие се појавија пред пристигнувањето на високи гости на Дубровничкиот форум, кој традиционално се одржува на 11 и 12 јули. Премиерот Андреј Пленковиќ е најавен како учесник на овогодинешниот Дубровнички форум.

Постерите очигледно се реакција на надворешнополитичкиот став на Хрватска и Европската Унија кон војната во Газа.

Најнови вести од: Свет

Говедското месо во оваа земја поскапе за 150%, слабее и валутата

Иран се закани со одмазда против секоја земја што ќе се приклучи кон новата американска кампања за економски притисок врз Техеран, додека Вашингтон најавува потег што американскиот министер за финансии, Скот Бесент, го опишува како „најголема финансиска офанзива некогаш покрената против некој противник“.

Која е русокосата асистентка на Трамп која му е поважна и од државниот секретар Рубио?

За време на кампањата на Трамп, наводно, Натали се нашла во неговите приватни простории во Мар-а-Лаго, во делот во кој обично е забранет пристап за сите надвор од семејството, каде што на неа наишла Меланија Трамп. Харп наводно му доставувала документи на претседателот бидејќи не сакала да чека до утрото

To top