Свет

Иранците ќе јурнат кон Германија ако продолжат нападите од САД и Израел

Кон „локомотивата“ на ЕУ би тргнале 28 проценти од потенцијалните ирански бегалци, како и 14 отсто од либанските мигранти

Повеќето Иранци кои бегаат од војната, доколку САД и Израел одлучат да продолжат со својата агресија, веројатно ќе се упатат кон Германија, предвиде истражувачки институт со седиште во Берлин.

Континуираните немири во земјата со население од над 90 милиони предизвикаа загриженост за масовни миграциски текови кон ЕУ.

Во петокот весникот „Минхнер Меркур“ цитираше неодамнешна студија на Фондацијата Роквул Берлин (РФ), во која се заклучува дека 28% од потенцијалните ирански воени бегалци би ја гледале Германија како нивна главна дестинација. Дополнително, 14% од либанските мигранти веројатно би побарале заштита во земјата на ЕУ. Извештајот се потпира на наодите од репрезентативното истражување на Галуп од 2024 година.

Публикацијата го цитираше директорот на РФ Берлин и коавтор на извештајот, Кристијан Дастман, кој истакна дека Германија веќе има бројна иранска и либанскиа дијаспора, што би можело да ја направи земјата попривлечна за потенцијалните новодојденци.

Понатаму, со оглед на тоа што земјите како Канада и САД се географски потешко достапни, веројатно е дека „Европа – а особено Германија – ќе стане главна дестинација за потенцијални движења на бегалци“, рече истражувачот, цитиран од „Меркур“.

Исто така во петокот „Политико“ објави дека Европската Унија се подготвува за бран бегалци кои бегаат од војната во Иран.

Николас Јоанидес, заменик-министер за миграција на Кипар, изјави за медиумот дека блокот „не може да ја превиди можноста за нова бегалска криза“.

Извештај напишан од Агенцијата за азил на Унијата пред почетокот на војната предупреди дека „дури и делумната дестабилизација [во Иран] може да генерира движења на бегалци од невидени размери“, соопшти „Политико“.

Во 2015 година, при кулминацијата на сириската граѓанска војна, ЕУ прими повеќе од еден милион бегалци. Приливот на мигранти предизвика внатрешни несогласувања во многу земји-членки, вклучително и Германија, а критичарите на политиката на отворени врати наведуваат раст на криминалот, терористички закани и неуспех на мигрантите да се интегрираат.

„Политико“ го цитираше шведскиот министер за миграција Јохан Форсел, кој рече дека „сè уште ги гледаме последиците од она што се случи пред 10 години“, со повторување дека тоа „не е опција“ за ЕУ.

Најнови вести од: Свет

САД и Израел го нападнаа Иранскиот Курдистан. Повеќе од 100 убиени, 969 ранети

Курдите се домородно етничко малцинство од месопотамскиот регион, распространето главно низ југоисточна Турција, североисточна Сирија, полуавтономниот курдски регион во северен Ирак, северозападен Иран и југозападна Ерменија. Тие имаат свој јазик и култура, но немаат држава

Ирански камиказе дронови запалија големо пристаниште за нафта во Емиратите (ВИДЕО)

Нападот доаѓа откако Иранската револуционерна гарда соопшти дека американските интереси во Обединетите Арапски Емирати, вклучувајќи пристаништа, докови и воени објекти, станале легитимни цели

To top