Македонија

Бугарскиот амбасадор Радуков повикан во МНР

МНР очекува од официјална Софија да упати соодветно извинување

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија најостро ги осудува навредливите изјави упатени кон претседателот на Владата и институциите на Република Северна Македонија од страна на министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, дадени во текот на денешното гостување во утринската програма на телевизијата БТВ.

Како што соопшти МНРиНТ, во врска со ова, Министерството денеска го повика на разговор амбасадорот на Република Бугарија во Скопје, Жељаско Радуков, на кого му бил пренесен официјалниот протест и му беше укажано на несоодветноста на ваквиот јавен дискурс од страна на висок функционер на бугарската влада.

-Таквите изјави, во кои се користи недоличен речник и се омаловажуваат претставници на суверена држава, претставуваат директна повреда на основните принципи на меѓународното право и дипломатската комуникација. Тие не придонесуваат за унапредување на добрососедските односи и се во спротивност со духот на конструктивен дијалог и заемно почитување што треба да ја води соработката меѓу двете земји, стои во соопштението на Министерството.

МНР очекува од официјална Софија да упати соодветно извинување, во насока на зачувување на достоинствената и принципиелна билатерална комуникација.

Министерот за надворешни работи на Бугарија, Георг Георгиев во интервју за БТВ се пофали дека неговата држава станала фактор во ЕУ и во регионот, со став дека Македонија тоа треба да го има предвид. Зборувајќи за премиерот Мицкоски, го нарече „северномакедонски“ премиер.

Најнови вести од: Македонија

Теодосиевски: Дали шарлатаните од сектата, што глуми партија, не гледаат дека со бугарските шизофрени услови за „Бугари во Устав“ се отвора бездна пред Македонија?!

Денес кај нас станува особено тешко да (си) разјасните дали одделни „групации“ – меѓу нив и оние што глумат политички партии и нивната „интелектуална“ клиентела – се навистина толку глупави па не разбираат за што се залагаат, дали сериозно не разбираат за што станува збор, или нивните (веќе) отворено антидржавни заложби кријат некакви „таинствени“ интереси… Зашто, дури и кога отворено и до детали го предочуваат „историјатот“ на македонско-бугарскиот спор со сите негови нецивилизирани услови и стапици, тие повторно ургираат за некакви „Бугари во Устав“ – и кои, оние 250? – и надминување на само ним познатиот „ќор-сокак“ во македонските евроинтеграции. И зарем кога го препрочитуваат историјатот на сите оние бугарски шизофрени услови навистина не разбираат за што таму станува збор? И веруваат во коренита историска пресвртница со просто внесување на 250 Бугари во Уставот? Каков црн „ќор-сокак“, зарем навистина не го гледаат отворениот пеколен амбис?

Таравари: УЧК беа борци за слобода, а не албански терористи, да се смени овој шовинистички говор на омраза во спомен-плочата!

Лидерот на Алијансата за Албанците Арбен Таравари побара да се смени текстот од спомен-плочата во касарната „Илинден“, посветена на загинатите припадници на безбедносните сили во масакрот кај Вејце во 2001 година, каде што на 28 април 2026 година министерот за одбрана Владо Мисајловски оддаде почит. Таравари смета дека изразот „Паднати во војна против албански терористи“, кој што стои на плочата, е „неприфатлив и навредлив за дел од граѓаните“. Инаку, масакрот кај Вејце се смета како најкрвав и најбрутален настан во поновата историја на Македонија. На 28 април 2001 година околу 18 часот од заседа биле убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и полицајци припадници на специјалните единици „Волци“ и на „Посебната единица на СВР Битола“. Покрај осумтемина убиени, имало и шестмина повредени. При нападот, од колоната успеало да се извлече последното возило и да јави за нападот. Во тој напад на ОВК (УЧК) убиени се Роберт Петковски (27) Игор Костески (26) Миле Јаневски (30) Бобан Трајковски (28), Марјан Божиновски (27), Илче Стојановски (24) Бошко Најдовски (25) и Кире Костадиновски (24).

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Јавноста е сведок на кампања и речник што не доликува на политичката сцена во Македонија, истакна Мицкоси и рече дека можеби треба да се бара лекарско (уверение) за пристапување во органи на партиите

To top