Регулаторната комисија за енергетика донесе нова одлука за максималните малопродажни цени кое стапува веќерва во )1 часот по полноќ.
Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по најмногу 86,5 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе достигне 88,5 денари. Цената на дизелот ќе изнесува 92 денари за литар, а екстра лесното масло за домаќинство ќе чини 89,5 денари. Цената на мазутот, пак, се утврдува на 47,453 денари за килограм.
Од Регулаторната комисија објаснуваат дека поскапувањето е резултат на растот на цените на нафтените деривати на светските берзи, како и на зајакнувањето на американскиот долар во однос на денарот во изминатите денови.
И покрај зголемувањето, од РКЕ посочуваат дека трговците можат да ги формираат цените и пониско од утврдените максимуми. Воедно, им се укажува на нафтените компании да ги намалат цените за два денари по литар, согласно договорениот попуст со Владата и главниот снабдувач, со цел граѓаните директно да го почувствуваат олеснувањето.
Според пресметките, новата одлука носи просечно зголемување на цените на горивата од речиси девет проценти во однос на претходната недела. Од Комисијата тврдат дека и покрај тоа, горивата во земјава остануваат меѓу поевтините во регионот и Европа.