Македонија

Објавени списоците на граѓани, кои добија право на инвертер клима: треба да земат 4070 ваучери во рок од 30 дена

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека е објавен списокот на граѓани кои ги исполнија условите по Јавниот оглас за поддршка на ранливи потрошувачи на енергија за 2025 година, за добивање финансиска поддршка преку ваучер за купување и вградување инвертер клима уред. Станува збор за втора фаза од веќе завршената постапка. Право на оваа поддршка имаа исклучиво домаќинствата кои најдоцна до 5 октомври 2025 година поднеле барање, доставиле комплетна документација и ги исполнија условите утврдени во Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија.

Списокот на граѓани кои се стекнале со право на поддршка е објавен на веб-страницата на Министерството.  Од 18 март 2026 година до 17 април 2026 година, лицата кои се наоѓаат на списокот ќе можат да се обратат во меѓуопштинските центри за социјална работа во општината каде што живеат, каде ќе треба да ги подигнат ваучерите, додека на сајтот на министерството за енергетика, рударство и минерални суровини е точно наведено која документација е потребна и кој е текот на процедурата за подигнување.

https://energy.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/javni-oglasi/javen-povik-za-realizacija-vaucer-za-kupuvanje-i-vgraduvanje-na-inverter-klima-ured

За дополнителни информации, доколку е потребно, лицата што се стекнале со право можат да се обратат и на следните телефонски броеви и емаил:

071-391-187
071-391-169

ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk

Рокот за подигнување на ваучерот е 30 дена од денот на објавата. По подигнувањето -Ваучерот овозможува набавка и вградување на инвертер клима уред со моќност од 3,5 kW и најмалку енергетска класа А+, а може да се искористи најдоцна до 15 октомври 2026 година. Министерството во наредните денови ќе објави и список на компании со кои се склучени договори, каде граѓаните ќе можат да ги искористат своите ваучери. Ранливите потрошувачи ќе избираат клима уред од понудите на овие компании, без дополнителна доплата, а вредноста на ваучерот изнесува до 28.000 денари.

Министерството уште еднаш нагласува дека оваа објава се однесува само на граѓаните кои веќе аплицирале на јавниот оглас во 2025 година, и претставува завршна постапка за реализирање на поддршката. Во рамки на овој повик се доделуваат вкупно 4070 ваучери. Со оваа мерка државата продолжува да ги поддржува ранливите категории граѓани преку намалување на трошоците за енергија и подобрување на енергетската ефикасност во домаќинствата.

Најнови вести од: Македонија

„Реплек“ одбележува 10 години производство на производи од медицински канабис – реализиран и првиот извоз во ЕУ

Во период кога довербата, стандардите и транспарентноста се клучни во развојот на современата фармацевтска индустрија, „Реплек“ одбележува уште еден значаен јубилеј. Компанијата заокружува 10 години од почетокот на сопственото производство и развој на производи на база на медицински канабис, со што уште во 2016 година стана пионер на домашниот пазар, но и еден од првите регионални играчи.

Ѓорѓиевски: Кацаров е привремено решение, следната недела ќе се избира директор на Универзална сала!

По огласот кој пропадна, Универзална сала доби вршител на должност директор. Миро Кацаров таа функција ќе ја врши само до следниот оглас, кога Универзална сала ќе добие свој директор. Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски за „Курир“ изјави: „Следната недела ќе се распише нов оглас. Повикувам јавно сите заинтересирани кои ги исполнуваат условите да аплицираат. Јас не велам дека секогаш правиме совршени кадрови потези, сите досега се покажале дека се исправни во Град Скопје, затоа и состојбата е таква каква што е, но овде станува збор за културна институција, апсолутно ми е важно мислењето на граѓаните.“

To top