Свет

Туск: Претседателот Навроцки и десничарите ја водат Полска да ја напушти ЕУ, тоа е реална закана! Се обидуваат да ја распаднат ЕУ!

Можното излегување од Европската Унија за Полска сега е „реална закана“, предупреди полскиот премиер Доналд Туск. Тој ги обвини претседателот Карол Навроцки и десничарските опозициски партии дека ја водат земјата кон напуштање на блокот, охрабрени од сојузниците од Москва до движењето МАГА со седиште во САД. Во објава на социјалните мрежи, Туск рече дека фракциите на крајнодесничарската Конфедерација и мнозинството пратеници од националистичката партија Право и правда (ПиС) сакаат да ја извадат Полска од ЕУ. Тој го нарече таквиот исход „катастрофа“ и вети дека ќе „стори сè“ за да го спречи тоа.

Туск, исто така, го поврза ризикот од „Полегзит“ со силите за кои рече дека се обидуваат да ја „распаднат ЕУ“, вклучувајќи ја Русија, движењето МАГА со седиште во САД и европските крајнодесничарски лидери предводени од унгарскиот премиер Виктор Орбан. Предупредувањето на Туск дојде откако претседателот Навроцки во четвртокот стави вето на закон со кој на Полска ќе ѝ се дадеше пристап до европски одбранбени кредити со ниска камата во вредност од 43,7 милијарди евра.

Владата на Туск нема парламентарно мнозинство, за да го поништи ветото, што создава неизвесност околу финансирањето на планираните воени расходи, кои треба да достигнат речиси пет проценти од бруто домашниот производ оваа година. Туск предупреди дека ветото на претседателот Навроцки може да ја ослабне позицијата на Полска во рамките на Европската унија.

Поранешниот министер за Европа од ПиС, Конрад Шимански, во коментар за весник во петокот оцени дека полската националистичка десница се лизга по „патот кон Полегзит“. Притоа, тој направи паралели со политичката динамика што доведе до британскиот референдум за напуштање на Унијата во 2016 година.

Иако поддршката за излегување на Полска од ЕУ останува ниска, неодамнешните анкети покажуваат дека таа веќе не е запоставлива. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека помеѓу 10 и 25 проценти од Полјаците би поддржале започнување на процесот на излегување, иако огромното мнозинство сè уште го поддржува останувањето во членството.

Најнови вести од: Свет

(Фото): Оскари 2026: „Една битка по друга“ – најдобар филм

„Една битка по друга“ (One Battle After Another), револуционерна сага на Пол Томас Андерсон со шест награди Оскар, меѓу кои за најдобар филм и за најдобар режисер триумфираше на 98. свечено доделувањето на најпрестижните филмски награди што се одржаа синоќа во Долби театарот во Лос Анџелес, САД. Политичкиот трилер/акција, следи група поранешни револуционери кои се обединуваат да ја спасат ќерката на еден од своите, кога по 16 години ќе се појави заедничкиот непријател.

Остра критика на Борел за Лаен и Калас: ЕУ ги надминува надлежностите и ја губи доверливоста, зашто не му се спротивставува на Трамп

Поранешниот висок претставник на ЕУ за надворешна политика Жозеп Борел остро го критикува сегашното раководство на Унијата, вклучувајќи ги и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен и неговата наследничка Каја Калас, затоа што, како што оцени, „Брисел не се залагал доволно за меѓународното право во случајот со Иран“. Борел е најновиот во низата шпански социјалисти сојузници на Фон дер Лаен, кои истакнуваат дека ЕУ не направила доволно за да го почитува меѓународното право по војната на САД против Иран, која е „нелегална и не е оправдана со непосредна закана, како што тврдат некои“.

Се продлабочува расколот со Трамп и МАГА на Карлсон, кој тврди дека „ЦИА му ги чита пораките и подготвува можни обвиненија“

Поранешниот водител на Фокс њуз, познатиот американски новинар Такер Карлсон тврди дека американските разузнавачки служби „го истражуваат, поради разговори со луѓе во Иран“. Тој вели дека “Централната разузнавачка агенција – ЦИА  ги чита неговите пораки“ и оти „подготвува можни обвиненија“.

To top