Македонија

СДСМ ги повлекува сите амандмани, се бараат пари за справување со пожарите и настраданите во Кочани

Спасовски посочи дека не може да има никакви оправдувања во однос на тоа дека има недостаток на пожарникари, недостаток на финансиски средства, недостаток на опрема.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите преостанати амандмани на предложениот ребаланс на буџетот и ќе поднесат два нови – целосно насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тековните пожари низ државата.

  • „Прво, еден комисиски амандман, ќе побараме Комисијата за финансирани буџет да го прифати, а кој што ќе се однесува за последиците од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и за кој што ќе обезбедиме средства и за посебното законско решение за обесштетување на семејството на починатите, меѓутоа и за сите коишто се повредени од овој пожар. И вториот амандман кој што ќе го побараме, е да донесеме, односно да се прифати, амандман со кој што ќе одделиме финансиски средства, а за јакнење на капацитетите за справување со пожари“, рече Спасовски.

При тоа Спасовски посочи дека не може да има никакви оправдувања во однос на тоа дека има недостаток на пожарникари, недостаток на финансиски средства, недостаток на опрема.

  • „Ние сметаме дека државата, односно парламентот, ја има таа можност, меѓутоа ја има и обврска пред граѓаните преку определување на финансиските средства, пред сè да се обезбедат средства за вработување на пожарникари коишто токму за вакви моменти ќе се најдат на државата и на граѓаните. Второ, за зголемување на платите на пожарникарите во државата, заради тоа што не може и не смее државата да се сеќава на оваа категорија на работници, само во моменти кога имаме криза и кога тие се справуваат со таа криза“, рече Спасовски, додавајќи дека државата треба да помогне и во делот на финансиски средства за обесштетување, заради тоа што во пожарите има изгорени куќи, викенд куќи, фабрики.
  • „Еве ова се нашите две теми за коишто сметаме дека може да се постигне единство, може да се постигне консензус, и токму таа порака на соработка на единство и на консензус може да се покаже во овие моменти во кои што не треба да има различни погледи, не треба да има никакви поделби по ниту политичка, ниту било каква друга основа, туку напротив, да покажеме на граѓаните дека сме заедно, сплотени, единствени и таквата порака на соработка да ја покажеме токму во моменти кога најмногу е потребно за граѓаните на Македонија“, порача Спасовски.

Тој истакна дека ребаланост на Буџетот е нереален, и популистички и дека е буџет кој што предвидува повеќе средства отколку што за тоа има економска активност. СДСМ имаше над 160 амандмани во вредност од околу 11 милијарди денари.

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top