Македонија

Ќе докажеме дека со реформите дома сме најдобриот ученик во одделение и ќе сме посакувани од ЕУ, рече премиерот

Европскиот парламент со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. Пред гласањето, беа усвоени амандмани со кои се избришани делови од текстот каде што се споменува „македонски јазик и идентитет“.

Негирањето на македонскиот идентитет и јазик од страна на Бугарија е преседан и не е европска вредност. Но, ние нема незрело да се однесуваме, уште посилно и посветено ќе работиме на реформите, рече премиерот Христијан Мицкоски, откако Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Македонија, од којшто беа изоставени референците за македонскиот идентитет и јазик.

  • „Не можам да прифатам како европратениците што гласаа за бришење на македонскиот јазик и идентитет мирно ќе спијат, а им благодарам на оние што гласаа или пак се воздржаа од гласање“, рече Мицкоски.

Европскиот парламент со 461 глас „за“, 121 „против“ и 107 „воздржани“ го усвои Извештајот на австрискиот европратеник Томас Вајц за земјава за 2023 и 2024 година. Пред гласањето по документот, беа усвоени амандмани со кои се избришани делови од текстот каде што се споменува „македонски јазик и идентитет“.

  • „Можеби некој очекуваше по вчерашниот извештај револтирано да ги напуштиме преговорите, но ние нема незрело и неодговорно да се однесуваме. Напротив, остануваме уште попосветени и ќе докажеме дека со реформите дома сме најдобриот ученик во одделението и да бидеме посакувани од страна на ЕУ. И не можат овие архитекти да градат ваква архитектура за да не оспоруваат и за да го попречуваат нашиот пат кон ЕУ“, вели Мицкоски.

Тој останува на ставот дека сите партии во земјава треба да бидат обединети кога станува збор за државните интереси.

  • „Владата има обврска и кон граѓаните, но и кон сите останати да продолжи уште посилно да работи на внатрешните реформи, а истовремено и надвор од државата да се обиде уште погласно да ги артикулира аргументите и да останеме фокусирани целосно се додека не станеме членка на ЕУ. Грешките од минатото нема да ги правиме“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Млади луѓе со години чекаат трансплантација на срце

Дарко и Васко бараат шанса за живот, која може да се роди во најтешкиот момент за едно семејство – со одлуката да донира органи и да спаси други животи. За десетиците пациенти кои чекаат трансплантација, органодарителството е единствената надеж.

Почина 72-годишен скопјанец од западнонилска треска в болница

Седумдесет и двегодишен скопјанец почина по компликации од западнонилска треска, соопшти денеска директорот на Инфективната клиника во Скопје, Фадил Цана. Пациентот бил со тешка клиничка слика на менингоенцефалитис, а уште при приемот во болница бил во тешка општа состојба.

(Видео): Со синовите бевме на научнообразовна екскурзија во Белгија, рече премиерот за еднонеделното патување

„Јас не сум љубител на големи годишни одмори со солена вода, со песочни плажи итн. и си рековме – екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научнообразовна екскурзија во Белгија“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Пронајдени вооружени луѓе во строго-заштитено подрачје на Пелистер

Ренџерската служба на Националниот парк „Пелистер“, во соработка со СВР Битола, спровела повеќечасовна акција за пронаоѓање лица вооружени со огнено оружје, кои навлегле длабоко во територијата на паркот.

To top