Македонија

Двајца Македонци заболени од маларија по патување во Африка

Пациентите се од Куманово и од Скопје, на возраст од 40 и 60 години, лекувани во болница и во моментов се во добра состојба

Кај двајца македонски државјани – едниот од Куманово, другиот од Скопсје – е дијагностицирана маларија во февруари по завршувањето на патувањата во Занзибар и во Сиера Леоне.

Пациентите, на возраст меѓу 40 и 60 години, беа лекувани во болнички услови и моментално се во добра општа состојба, што укажува дека инфекцијата е препознаена на време.

Министерството за здравство нагласува дека овие случаи не укажуваат за локално ширење на маларија, но претставуваат јасно предупредување дека патувањето во африканските и во други ендемски подрачја носи здравствени ризици што не треба да се потценуваат.

Маларијата се пренесува преку убод од заразен комарец, а првите симптоми се појавуваат 10 до 15 дена по инфекцијата. Треска и главоболки се најчестите симптоми, а без навремен третман болката може да се претвори во тешка и опасна, животозагрозувачка состојба.

Најнови вести од: Македонија

Над 1000 повици за паднати дрвја и летнати кровови пријавени во ЦУК по невремето во Скопје

Повеќе од 1.000 повици од граѓани се евидентирани на Единствениот број за итни повици 112 по силното невреме проследено со силен ветер што попладнево го зафати Скопје, информира Центарот за управување со кризи

„Визер“ ја крева Македонија повисоко на европското небо, додаде уште еден авион

Скопскиот аеродром добива нов залет со проширувањето на базата на „Визер“, која носи повеќе летови и нови европски дестинации. Порастот на бројот на патници покажува дека воздушниот сообраќај во Македонија влегува во нова фаза на развој. Со седмиот авион, земјава се приближува до целта од четири милиони патници годишно, а придобивките се очекуваат и во туризмот, бизнисот и во економијата.

Продолжува намалувањето на бројот на новопрегледани пациенти во болницата и во здравствениот дом во Гостивар

Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица. кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис.

Мицкоски: Посетата на индиската претседателка Мурму отвора нови перспективи за двете држави, за зајакнување на партнерството во повеќе области од заемен интерес

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска оствари работен ручек со претседателката на Република Индија Драупади Мурму, која престојува во својата прва официјална посета на Македонија.

To top