Македонија

Нема ништо предавничко во промената на името, според Филипче! (ВИДЕО)

Според лидерот на СДСМ, не бил загрозен македонскиот национален идентитет ни со Францускиот предлог

Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за исклучувањето на поранешниот висок партиски функционер и ексградоначалник на Скопје, Петре Шилегов, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, се осврна и на начинот на „лажниот патриотизам“, според него, на ВМРО-ДПМНЕ.

„Успеаја со една националистичка реторика сите тие договори, постапки итн. во 2024 година да ги сведат на едно предавство. И му успеа на ВМРО-ДПМНЕ. Тие така владеат: дека ние сме предавници што сме го смениле името, што е усвоен Францускиот предлог итн. Ама тоа е патот напред. Нема ништо предавничко во тоа. Ништо не е загрозено во нашиот идентитет. Чекор по чекор сме оделе напред. Следен чекор е ставањето на малцинствата во Уставот – Бугарите, Хрватите итн.“, вели Филипче по 7:13 минути од почетокот на видеото:

 

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top