Македонија

Мицкоски на прославата на 50. роденден на Европската народна партија

Ваквите моменти потсетуваат колку е важна соработката, меѓусебната почит и заедничката определба за посилна и пообединета Европа, вели премиерот

Премиерот Христијан Мицкоски вечрва присуствуваше на прославата на полувековниот јубилеј на Европската народна партија.

„Вечерва имав чест да присуствувам на одбележувањето на 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија (ЕПП), значаен јубилеј кој обедини лидери, претставници и пријатели од цела Европа.

Настан исполнет со силна енергија, визија и заедништво, каде се потврди улогата на ЕПП како двигател на европските вредности, демократијата и стабилноста. Присуството на бројни европски лидери даде дополнителна тежина и значење на оваа свеченост.

Ваквите моменти потсетуваат колку е важна соработката, меѓусебната почит и заедничката определба за посилна и пообединета Европа“, објави претседателот на Владата на социјалните мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Говеда, џукели, глупи сте, ништо не знаете – со овие зборови им се обраќала претседателката на кумановскиот суд на вработените

Дури 75 од 90 вработени ја потпишале претставката против Снежана Манев, УПОЗ дава рок од осум дена, а потоа најавува протести и штрајк. Манев ги отфрла обвинувањата.

To top