Македонија

Македонија меѓу најдобрите во светот по намалена смртност кај децата, но бебиња сѐ помалку се раѓаат – во 2025 само 15.431 бебиња

Иако Македонија бележи успех во намалувањето на смртноста кај новороденчињата и малите деца, бројот на новородени деца континуирано опаѓа, па така минатата година се родиле само 15.531 бебиња – најмалку досега.

Македонија е рангирана меѓу најдобрите земји во светот во намалување на смртноста на новороденчињата и децата под пет години, соопшти министерот за здравство Азир Алиу, презентирајќи ги резултатите од извештајот на меѓуагенциската група на Обединетите нации за проценка на смртноста кај децата. За помалку од една деценија, неонаталната смртност е намалена за 87 проценти – од 8,1 на 1,1 смртен случај на 1.000 живородени деца, додека смртноста кај децата до пет години е намалена за 75 проценти – од 11,1 на 2,8 на 1.000 живородени.

„Нашата држава е прикажана како успешен пример на глобално ниво, како резултат на заедничките активности и координацијата на Министерството за здравство со партнерите од ОН и Светската здравствена организација“, изјави Алиу. Овие резултати се должат на подобрената перинатална нега, новите клинички протоколи и зајакнатата институционална координација, велат здравствените власти. Иако Македонија бележи успех во намалувањето на смртноста кај новороденчињата и малите деца, бројот на новородени деца континуирано опаѓа, па така минатата година се родиле само 15.531 бебиња – најмалку досега. Падот е евидентен и во претходните години: 18.648 новороденчиња во 2021, 18.183 во 2022 и 16.859 во 2023 година. Овој тренд се поврзува со иселувањето, стареењето на населението и сѐ поголемата возраст на жените при раѓање на првото дете.

Демографските анализи покажуваат сериозен одлив на жени во фертилен период. Во споредба со пописот од 2002 година, кога имало над 440 илјади жени на возраст до 29 години, во 2021 година бројот на жени од 20 до 49 години се намалил за околу 80 илјади. Тоа практично значи дека значителен дел од потенцијалните мајки не се повеќе во земјата.

На прашањето дали намалување на смртноста кај новородените се должи на се помалиот број раѓања, здравствените власти велат дека статистиката за намалена смртност треба да се чита внимателно.

„Процентите се исти, бидејќи се пресметуваат на 1.000 живородени деца. Помалиот број раѓања значи и помал притисок врз породилиштата, но сепак има реален напредок во третманот, особено кај предвремено родените бебиња“, вели директорката на ГАК д-р Ирена Алексиоска-Папестиев,

„Нетпрес“

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова со Бланар: Словачка е против двојни стандарди во третирањето на земјите-кандидати за ЕУ

Словачка со силна поддршка за Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава.

Премиерот е за отворање рудник за антимон кај Крива Паланка – „Штука“ и „Иловица“ предмет на судска постапка

Мицкоски истакна дека арбитражниот спор за „Казандол“ завршил во корист на македонската влада и дека украинската компанија, која била концесионер и ја покренала постапката, треба да ги плати трошоците поврзани со арбитражата.

Производството на струја е стабилно, рече министерката Божиновска

Произведената електрична енергија во земјава сега се продава по 65 евра за мегават-час, што е повеќе од двојно пониска цена во споредба со периодот кога актуелната Влада ја презела функцијата, кога цената надминувала 135 евра.

Мицкоски за Филипче: Ме нарекува „идиот“, а „идиот“ 7-8 пати го победува на избори, и нека се запраша кој е вистинскиот идиот?!

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата упатени кон него, истакнувајќи дека бил навредуван оти е „арамија“, „предводник на организирана криминална група“ и “нарко-трговец. Тој потсети и дека Филипче го нарекол „идиот“, прашувајќи кој е, поправо, вистинскиот идиот, ако тој тој успеал да победи на седум или осум избори.

To top