Македонија

Обвинување: Не сите семејства на настраданите во Кочани добиле помош од Благоја Механџиски

Некои од родителите немаат никакви информации што се случува, не се информираат за донациите

По објавата на експрес.мк дека бизнисменот Благоја Механџиски добил благодарница за помошта кон роднините на настраданите во Кочани на кои покрај деловен простор им нуди вработувања и плаќа храна и пат за судењата во Скопје се појавија обвинувања дека не сите семејства на настрадани добиваат помош од бизнисменот.

Според обвинувањето од роднина на жртва од трагедијата сите семејства не добиваат помош од Механџиски.

,,Сето тоа е во ред ама не сите роднини и родители ги имаат тие привилегии”, пишува роднина на една од жртвите на постот за помошта од Механџиски.

Лице кое не е запознато со состојбите прашува зошто некои семејства не добиваат помош и дали некој успеал да го подели здружението на семејствата на настраданите.

,,А зошто? Не се пријавиле луѓето или има селекција од некој фактор? Здружението “16 Март” го формираа семејствата колку што следам? Ваљда не успеаа да ги поделат и во тоа здружение”, прашува граѓанката на која што добива потврда дека постои селекција при делењето на помошта а некои семејства воопшто не се информираат за донациите.

,,Да, има селекција и таму некои од родителите немаат никакви информации што се случува, не се информираат”, пишува блиска роднина на жртва од Кочани.

На ова тврдење за селективна дистрибуција на донации за сите семејства одговара членка на здружението ,,16 Март Кочани 2025″.

Таа вели дека причината што некои семејства добиваат а некои не добиваат помош е во тоа што тие не се членови на здрижението и не биле вклучени во активностите.

„Би сакала да се разјасни дека организацијата за 16-ти март 2025 беше иницирана и реализирана од родителите – членови на здружението. Дел од родителите што се споменуваат не се членови на здружението, од различни причини (вработување, остварени права како инвалидска пензија и сл.), и затоа не беа вклучени во активностите. Важно е фактите да се пренесуваат точно, со почит кон сите“, пишува членката на здружението која негира дека има злоупотреба и со порака која содржи доза на закана вели дека тое што не се членови а се обидуваат да го злоупотребат здружението ќе го добијат тоа што го заслужуваат.

,,Секој што е дел од здружението и чесно се бори за правдата за нашите деца, добива поддршка и тоа што му е потребно. А тие што не се дел од здружението и се обидуваат да го злоупотребат, нормално – ќе го добијат тоа што го заслужуваат.
А за повеќе – прашај ја сестра ти, таа најдобро ќе ти објасни“, вели членката на ,,16 Март Кочани 2025″

Сите коментари и објавата за донациите од Механџиски на линкот

https://www.facebook.com/share/p/1DvYGFf19N/

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски со честитка за Рамазан Бајрам: Како народ отсекогаш сме знаеле да стоиме еден покрај друг

Во овие свети денови, кога се заокружува месецот на пост, трпение и на духовна посветеност, да се потсетиме на вистинските вредности што нè обединуваат како луѓе – почитта, солидарноста, хуманоста и грижата за другиот.

To top