Македонија

Обвинителството може да го повика Шилегов да раскаже за дрогата и криминалот во СДСМ

Дали Шилегов би можел да биде заштитен сведок доколку соработува со Јавното обвинителство

Користејќи го механизмот на ,,Допрен глас” Јавното обвинителство на Македонија може да го повика екс градоначалникот на Скопје Петре Шилегов да ги сподели информациите за постоење на криминал и користење на наркотици од страна на функционери на СДСМ.

Пред неколку дена откако беше избркан од партијата затоа што побара одговорност за неуспесите тој објави дека има информации за користење на психотропни супстанци и за сомнително заработени пари.

,,Утре ќе го имам коментарот, од должна почит кон луѓето кои го загубија животот на денешен ден. Не мислам дека сега е моментот политички, а имам што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица и парите што така лесно ги имаат заработено во изминатиот период”, рече Шилегов.

Изјавата на Шилегов е особено податлива за да биде извор на информации за обвинителство затоа што тој е човек од внатрешните највисоки кругови на партијата и има директни информации за случувањата, тврдат извори кој се упатени во можноста Шилегов да биде повикан во Јавното обвинителство.

Шилегов и како адвокат точно знае за тежината на неговите зборови кога се работи за можен криминал поврзан со на дроги и финансиски трансакции.

Засега не може да се претпостави дали Шилегов би можел да биде заштитен сведок доколку соработува со јавното обвинителство.

Најнови вести од: Македонија

„Babuna Red 2023“ на „Тиквеш“ го освои Лондон: Престижен трофеј за најдобро црвено вино од Македонија

На свечениот настан за доделување на наградите освоени на годинешниот International Wine Challenge (IWC), што се одржа на 8. септември во Лондон, трофејот за „Babuna Red 2023“ за најдобро црвено вино од Македонија, му беше врачен на претседателот на Управниот одбор на ВВ „Тиквеш“, Светозар Јаневски. Со оваа награда, „Babuna Red 2023“ се вбројува меѓу вината што оставија најсилен впечаток на едно од највлијателните и најценети светски вински натпреварувања, потврдувајќи го квалитетот, автентичноста и меѓународниот потенцијал на македонското вино. Ова престижно признание има и дополнителна тежина бидејќи „Babuna Red 2023“ на истиот натпревар освои и златен медал со високи 95 поени, издвојувајќи се меѓу најдобро оценетите вина во својата категорија.

To top