Македонија

ВМРО ДПМНЕ: Дали за туѓи интереси и директиви работат Филипче и СДС, на кои односите со јавноста им ги води контроверзниот Башановиќ, екссоветникот на Заев?!

„Тимот за односи со јавноста на СДС им ги води Зоран Башановиќ, поранешниот советник на Зоран Заев. Башановиќ е контроверзна личност со контроверзно минато и матни бизниси од областа на енергетиката. Тој е естраден турбофолк-менаџер и сопственик на телевизија во Србија, апсен е за крадење облека во САД. Бил избркан од српската Напредна партија, затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Натаму, во своето соопштение владејачката македонска партија истакнува: Башановиќ беше специјален советник во владата на Заев со плата од над 1500 евра. Тој е и негов куќен пријател во Грција.


Стратегијата на СДС за односи со јавноста и ширењето лаги и манипулации одат преку Зоран Башановиќ и агенцијата за односи со јавноста 

Во „Ај медија“ соопштенијата и прес-конференциите им ги води Милјан Шчекиќ. СДС и Филипче дејствуваат според насока на Башановиќ и Шчекиќ, а нивните ставови кон Србија се резултат на тоа влијание.



Дали политиките на СДС и Филипче што ги водат се резултат на домашните приоритети или работат за туѓи интереси и директиви? Граѓаните имаат право да знаат кој ги пишува соопштенијата во СДС, кој им ја креира политиката и заради чии интереси дејствува СДС, наведува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

 

Најнови вести од: Македонија

To top