Oд утре, понеделник (23 март), транспортерите од Босна и Херцеговина започнуваат масовен протест поради проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген зоната.
Блокадите ќе започнат точно во 07:00 часот наутро и ќе ги опфатат сите гранични премини наменети за камиони, вклучувајќи ги и оние со Србија.
„Протестот е реакција на нехуманиот третман и ограничувањата кои ги оневозможуваат возачите од Западен Балкан нормално да ја извршуваат својата работа. Доколку не се донесе итно решение, на 14 април на протестот ќе се приклучат и српските транспортери со целосна блокада која нема да прекине до добивање писмени гаранции од Европската комисија“, алармираат од Здружението.
Оваа ситуација се очекува да предизвика огромни колони и застој во снабдувањето со стоки низ целиот Балкан.