Регион

Јанез Јанша не прифаќа пораз

Најави дека ќе иницира детална проверка на изборниот процес, вклучително и можност за рачно пребројување на гласовите, со цел да се отстранат сите сомнежи околу конечниот исход

По напнато броење на гласовите од парламентарните избори што вчера се одржаа во Словенија , резултатите покажаа исклучително тесна трка меѓу двете водечки партии, при што победи партијата на актуелниот премиер.

Со преброени 99,67 проценти од гласовите, Движењето за слобода на Роберт Голоб е во водство со 28,56 проценти од гласовите и 29 места во парламентот. СДС на Јанез Јанша е следна со 28,12 проценти од гласовите, што ѝ дава на партијата досега 28 места.

Но, Јанша, изрази незадоволство по објавувањето на резултатите и најави дека ќе побара пребројување на гласовите.

Тој нагласи дека според интерните податоци со кои располага неговата партија, резултатите се разликуваат од официјалните, при што тврди дека имаат предност од околу 50.000 гласови.

Јанша најави дека ќе иницира детална проверка на изборниот процес, вклучително и можност за рачно пребројување на гласовите, со цел да се отстранат сите сомнежи околу конечниот исход.

„Не обвинувам никого, но разликата е невообичаена“, изјави Јанша, додавајќи дека транспарентноста и довербата во изборниот процес се од суштинско значење.

Најнови вести од: Регион

Србија дополнително ја намалува акцизата на горивата

Србија ќе ја намали стапката на акцизата на нафтените деривати за дополнителни 40 проценти, за да се ублажи ценовниот шок на бензинските пумпи, изјави денеска претседателот на државата, Александар Вучиќ, по седницата на Советот за национална безбедност.

To top