Македонија

(Видео): Објавена снимка од надзорна камера како Арсовска прва почнала со напад

Од снимка од надзорна камера се гледа дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска прва започнува со напад при денешната обиколка на дивоградби во Општина Чаир. Таа со клоци удира маж кој потоа и возвраќа со напад. Во заднина се слуша женски глас како зборува на висок тон.

Експресно откако се објави скандалот во јавноста за напад кон скопската градоначалничка, објавена е снимка од надзорна камера, од која се гледа дека градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска прва започнува со напад при денешната обиколка на дивоградби во Општина Чаир. Таа, со клоци удира маж кој потоа и возвраќа со напад. Во заднина се слуша женски глас како зборува на висок тон. Од снимата јасно се гледа дека полицијата веднаш реагира и го приведува мажот.

Таа нападот не го пријавила во МВР, туку после инцидентот се упатила кон Градската општа болница „8 Септември“ каде денеска била примена во Ургентниот центар.

Арсовска денеска обвини дека пред очи на полицајци напаѓачот ја удирал со клоци и оти упатил закани кон неа и нејзиното семејство.

За нападот врз градоналаничката на Град Скопје Данела Арсовска, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски попладнево во Тема на денот на телевизија Сител рече дека физички контакт имало, но дека е лага и повторен обид за манипулација на јавноста тоа дека нападот се случил пред очите на полицијата.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, појасни какви дејствија презело Министерството и ја повика Арсовска да не бега од МВР и од институциите.

Тој демантираше дека МВР не постапило по денешниот инцидент.

  • Не е точно дека МВР не презема дејствија и оти не постапува. За денешниот инцидент факт број еден – полиција кога е повикана да дојде на местото на настанот дошла. Факт број два – Арсовска по настанување на инцидентот била повикана да дојде во полициска станица, но не дошла. Во болница биле констатирани телесни повреди, црвенила од страна на стручно лице, на левата потколеница. Откако завршил прегледот во болница, таа се упатила повторно во полициска станица, по што полициски службеници отпочнале со полициски дејствија, И во меѓувреме контактирале јавен обвинител. Лицето кое што го навела како такво е приведено, е во полициска станица и плус други две лица кои вербално се заканувале, рече Тошковски.

Информира дека при составување на записникот и примање на пријавата од страна на Арсовска, како што посочи, таа станала и си заминала и не го потпишала записникот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Го осудувам инцидентот со дипломатските возила, МВР го обезбеди сторителот

Премиерот Христијан Мицкоски го осудува инцидентот со палењето на двете дипломатски возлиа пред Бугарската амбасада во Скопје и вели дека Министерството за внатрешни работи за кратко време го обезбеди сторителот кој веќе го признал делото

(Видео): Ова е човекот кој ги запали двете дипломатски возила пред бугарската амбасада во Скопје

Од снимките може да се види како едно лице се приближува кон возилата паркирани на тротоарот пред Амбасадата. Додека се упатува кон нив, лицето од пластична кеса вади шише со непозната течност и ги полева возилата. Потоа се гледа како предниот дел од автомобилот „сузуки“ гори, а лицето што го предизвика запалувањето бега.

За бугарското МНР потпалувањето возила близу бугарската амбасада е „напад врз Бугарија и Бугарите“ и „последица на агресивниот политички говор и омразата во РСМ“?!

„На 15 јуни 2026 година напладне непознато лице запали два од дипломатските автомобили на Амбасадата на Бугарија во Скопјe, лоцирани пред официјалниот влез на мисијата. Овој последен напад врз Бугарија и Бугарите е резултат на агресивен политички говор, кој поттикнува омраза и недостаток на соодветен одговор од страна на институциите во претходни слични значајни случаи, кои создаваат чувство на неказнивост за сторителите. Потсетуваме дека по последниот палеж во С.Македонија врз Бугарскиот културен клуб во градот Битола, наместо да добие соодветна казна, палежот беше хероизиран и беше вклучен во предизборна политичка кампања.“ – тврди Министерството за надворешни работи на Бугарија во своето денешно соопштение, кое го пренесе бугарската информативна агенција БГНЕС.

To top