Македонија

Во Бугарија видоа скандал во поддршката на Милановиќ за Македонија „против Бугарија“

Бугарски „Телеграф“ го распна хрватскиот претседател за изјавата по средбата со шефицата на македонската држава Силјановска

„СКАНДАЛ: Хрватскиот претседател го поддржува Скопје против Бугарија!“, грми уште во насловот бугарски „Телеграф“ за изјавата на Зоран Милановиќ по денешната средба со својата македонска колешка Гордана Силјановска во Загреб.

„Зоран Милановиќ се меша во нашите односи со соседите, Силјановска се жали на ‘двојни стандарди’, стои во поднасловот.

„Балкански искри летаа по оската Загреб-Скопје-Софија! Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ повторно одлучи да ја преземе улогата на ‘адвокат’ на Северна Македонија, упатувајќи директни стрели кон Бугарија. За време на средбата со шефицата на државата Гордана Силјановска-Давкова, Милановиќ објави дека на Македонија ѝ се наметнуваат премногу услови, осврнувајќи се на барањето на Софија да ги вклучи Бугарите во македонскиот устав“, го почнува написот „Телеграф“.

„Хрватскиот лидер, познат по својот остар јазик, не штедеше критики кон Брисел и индиректно кон Бугарија. Според него, Северна Македонија е под неправеден притисок“, продолжува медиумот во коментаторскиот извештај за средбата што ја обележа изјавата на Милановиќ дека „има живот и без ЕУ, и тоа успешен и достоен“.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова им додели сертификати на учесниците на „Охрид камп за високо-технолошка извонредност“

Сиљановска-Давкова порача дека талентот треба да се препознава, негува, стимулира и наградува, а младите да ги „инфицираат“ и другите околу себе со љубов кон знаењето и науката

Премиерот Мицкоски: Нема да прифатиме услови што ги прифати претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата останува на ставот дека нема да прифати безусловни уставни измени според условите што ги прифатила претходната влада, оценувајќи дека тоа не претставува реформа.

To top