Регион

Стружанец прегазил пешак – фатен 320 км. подалеку од местото на несреќата

По несреќата, возачот не застанал, туку го напуштил местото на настанот

Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на автопатот Врање – Лесковац, кај исклучувањето за Грделица, кога 33-годишен македонски државјанин од Струга, со камион смртно прегазил 57 годишен жител на Грделица.

По несреќата, возачот не застанал, туку го напуштил местото на настанот.

Српската полиција се дала во потрага и го пронашла и упасила на 320 километри подалеку од местото на несреќата, во близина на Сремска Митровица.

Најнови вести од: Регион

To top