Македонија

Во Валандово: Ја претепал сопругата, па ги нападнал и полицајците кои реагирале на случајот

По целосно документирање на случајот, против 72-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

На 24 март 2026 година, во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Валандово лишиле од слобода 72-годишен жител на градот, откако тој физички ја нападнал својата 68-годишна сопруга во семејниот дом и ѝ нанел телесни повреди.

Според пријавата, инцидентот се случил околу 16:00 часот. При преземањето на службени дејствија, осомничениот агресивно се однесувал и кон полициските службеници, при што нападнал еден од нив.

Лицето е задржано во полициската станица. Со негова дозвола, извршен е претрес во неговиот дом, при што полицијата пронашла и одзела три пиштоли, една ловечка пушка, 45 куршуми и седум ловечки патрони, кои нелегално ги поседувал.

За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против 72-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести од: Македонија

Д-р Лилјана Ристевска избрана за претседател на „Црвениот крст“

Изборот претставува важен историски момент за најголемата хуманитарна организација во земјава, како и благодарност за нејзината долгогодишна посветеност, професионалност и активен придонес во развојот на Црвениот крст

To top