Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Таравари да каже со што е уценет од ДУИ!

Од владејачката партија оценуваат дека напуштањето на Владата од страна на Арбен Таравари е неразумно однесување и може да се случи само како резултат на уцена и под диктат на криминалното лоби, истото тоа кое СДСМ го клекна на колена и го претопи во партнерство и брак со мафијата на ДУИ. „Арбен Таравари треба да […]

Од владејачката партија оценуваат дека напуштањето на Владата од страна на Арбен Таравари е неразумно однесување и може да се случи само како резултат на уцена и под диктат на криминалното лоби, истото тоа кое СДСМ го клекна на колена и го претопи во партнерство и брак со мафијата на ДУИ.

„Арбен Таравари треба да е искрен и да признае дека информациите кои сега ги лиферува за излегување од Владата како на пример дека не биле третирани добро албанските прашања или дека имало застој на ЕУ интеграциите се само бледо алиби за неговото уценето делување.

Арбен Таравари е уценет човек, цената на таквата уцена треба да се бара во бизнис или друг вид на мотиви.

Тој се потврди дека не е стабилен партнер со кого може да се гради политика. Тој треба да објасни на своите гласачи како сега за него ДУИ е правата вистинска и единствена опција“ велат д ВМРО-ДПМНЕ

Најнови вести од: Македонија

OMO „Илинден“ до потомците на македонските бегалци во Бугарија: Во тебе живее споменот дека си Македонец по потекло и корен, дел од македонскиот народ

Посланието објавено од шефот на Градскиот комитет од Благоевград, Атанас Кирјаков, и самиот потомок на бегалци од Кукуш

Државниот врв со бројни честитки кон сите граѓани за Водици

Празникот, кој се одбележува уште од вториот век според христијанското предание, продолжува да привлекува голем број верници и туристи и ја потенцира духовната и културната вредност на православните обичаи во земјата.

(Фото галерија): Сплотеноста на народот е моќна порака, Ѓорѓиевски со честитки до Дарко Митровиќ и сите граѓани

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, упати порака по повод празникот Водици. „Бог се јави! Денешниот ден е длабоко значаен и величествен“, посочи Ѓорѓиевски. „Ден кога го славиме Богојавление, светото крштевање на Господ Исус Христос, една од најсветите тајни на Христијанството, симбол на духовно раѓање, вера и прочистување на човековата душа.

To top