Македонија

Алиу: Доктор во јавно здравство заработил 11 илјади и 400 евра за еден месец! Можна е кривична одговорност за ваквата пракса!

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција откри дека доктор вработен во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец, но притоа не сподели детали за кого станува збор и за која здравствена институција. Претседателот на Владата на Македонија Христијан Мицкоски вчера од собраниската говорница зборуваше за доктори, кои со книжење дежурства и други додатоци стигнувале до баснословни 10 илјади евра месечно во јавните здравствени установи! Најновиот случај е само потврда повеќе на оваа информација од македонскииот премиер.

– И Министерството за здравство и Владата ги знаат институциите, дозволете институционално да го решиме ова. Не би смеел да ги кажам деталите на прес-конференција бидејќи ќе загрозам систем што не треба да се загрози. Знаеме дека нашата работа може да се заврши за две недели отсега, но тие се процедури и ќе треба други институции да ги процесуираат – посочи министерот Алиу. 

Алиу не ја исклучува можноста за кривична одговорност за ваквата пракса. Најави дека ќе воведаат системи за евиденција на работното место со отпечаток од прст (фингер принт) за здравствените работници и рече дека веќе во две клиники го тестираат ваквиот систем, соопшти МИА.

– Системот првин ќе биде воведен во клиниките во Скопје, а потоа и во другите клиники во земјата за да може да ги следиме законски. Имаме ситуации каде што доктори прегледуваат еден пациент неделно, а други и 100 пациенти неделно. И едното и другото не е во ред. Мора да ги следиме и да направиме систем, кој, прво, реално ќе го следиме ние како Министерство и, второ, ќе реагираме навреме – рече министерот.

Според Алиу, имало установи во кои се работела дополнителна дејност двојно подолго (41 процент) од законски утврдениот минимум, кој изнесува 20 проценти од часовите. Алиу информира дека вакви ситуации има во седум клиники. Потенцира дека двајца специјалисти од иста специјалност имале многу голема разлика во бројот на извршени операции, едниот имал 1.134, а другиот 470. Во внатрешноста, како што потенцира, имало лекари што не направиле ниедна операција цела 2025 година.

Министерот Алиу информира и дека има голема разлика меѓу бројот на реализирани упати за шест месеци во 2025 година – еден доктор имал 16.526 реализирани упати, а друг доктор во друга клиника само 7.352 реализирани упати. – Иако се работи за различни специјалности, мора да следиме како овие разлики се можни. Има бројки што се нелогични за здравствениот систем – рече Алиу и ќе се утрврдува, вели дали е тоа резултат на немање законски решенија или од менаџирањето со таа институција.

Тој најави дека Министерството за здравство ќе бара информации колку време лекарите од јавното здравство поминуваат во приватните здравствени установи. – Со тешки маки и енергија доаѓаме до податоци. Институциите не ги ажурираат податоците за тоа колкава е листата на чекање иако имаат законска обврска. Мора да се смени менталитетот. И затоа ќе работиме паралелно – и на законски решенија и на терен со нашите органи, кои имаат надлежност за тоа – рече Алиу.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top