Македонија

Сиљановска-Давкова го отвора 65-то „Охридско лето“

Од утре, во текот на следните 40 дена, Охрид ќе биде домаќин на уметници од целата планета кои ќе презентираат разновидни и квалитетни уметнички изведби од областа на музиката, театарот, балетот и визуелните уметности.

Претседателката на Македониа вечерва ќе се обрати и официјално ќе го отвори 65-то издание на Меѓународниот фестивал „Охридско лето“.

Фестивалот, кој ќе се одржи во Античкиот театар, ќе започне со свечен концерт на американската пијанистка Клер Хуангчи, заедно со оркестарот на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестро Едвин Оутвотер.

Почнувајќи од утре, во текот на следните 40 дена, Охрид ќе биде домаќин на уметници од целата планета кои ќе презентираат разновидни и квалитетни уметнички изведби од областа на музиката, театарот, балетот и визуелните уметности.

На сцените низ градот ќе настапат истакнати пијанисти како Михаил Плетњов и Лукаш Вондрачек, виолинистите Вадим Глузман и Џек Либек, виолончелистот Даниел Мулер Шот, и легендарната уметница на кастанети Лучера Тено во дует со еден од најпознатите светски харфисти, Хавиер де Маестре.

Во музичката програма се и настапите на гудачкиот квартет на кралскиот Концертгебау од Холандија, како и оркестарот Симфониета ди Болоња, кои ги претставуваат најпрестижните национални оркестри на светско ниво.

Програмата вклучува и претстава за деца, како и два џез-концерти, меѓу кои и еден на познатиот охридски уметник Дамјан Пејчиновски, како и настап на Националниот џез оркестар со големата ѕвезда Шеон Кути, што е обид на фестивалот да ја збогати понудата и да допре до најпребирливите љубители на уметноста.

На 3 август ќе се одржи мега-спектаклот „Кармина Бурана – Симфонија на Битовте“ со повеќе од 70 уметници на сцена.

Меѓународниот фестивал „Охридско лето“ традиционално се одржува под покровителство на претседателот на државата.

МИА

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top