Македонија

Охридскиот аеродром добива 4.500 м² нов простор – Николоски најави поголем капацитет за патници

Денеска започна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ – првото големо интервенирање на објектот од неговата изградба.

Денеска започна реконструкција, надградба и проширување на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ – првото големо интервенирање на објектот од неговата изградба.

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, истакна дека со новите градежни работи аеродромот ќе добие дополнителни 4.500 метри квадратни функционален простор, што претставува зголемување од околу 2.500 метри квадратни во однос на постојниот капацитет.

„Тоа ќе значи можност за многу повеќе патници, кои ќе се чувствуваат попријатно кога слетуваат и полетуваат од охридскиот аеродром. Ова е значајно за развојот на туризмот, бизнисот и поврзаноста на регионот“, рече Николоски.

По добивањето на концесијата од страна на ТАВ, аеродромската писта веќе беше проширена и модернизирана, а оваа реконструкција претставува ново ниво на надградба на целиот аеродромски комплекс.

Инвестицијата се реализира во повеќе фази. Николоски посочи дека покрај видливите градежни работи, се реализираат и голем број споредни инвестиции.

„Прво, тука се активностите на М-НАВ поврзани со безбедноста на небото и контролата на летањето, каде што еден модерен радарски систем веќе е интегриран и работи. Интензивно се работи и на Скопскиот аеродром. Понатаму, изградбата на автопатот Охрид–Кичево, кој е дел од Коридор 8 – овој дел е веќе завршен, па од Охрид до аеродромот се стигнува за само пет минути, а од Струга за десетина минути. Големата клучка што е изградена зад нас ќе обезбеди брз и удобен пристап до аеродромот“, истакна вицепремиерот.

Тој додаде дека голем напредок е постигнат и во експанзијата на летовите.

„Со поддршка на премиерот Мицкоски воведовме нова политика на привлекување на нови дестинации преку прилагодена политика на субвенционирање. Резултатите се видливи: од доаѓањето на оваа влада отворени се 24 нови дестинации од скопскиот и охридскиот аеродром. Она што е особено важно е дека почнуваат да се отвораат дестинации и без субвенции, што значи дека интересот на авиокомпаниите расте“, рече Николоски.

Тој ги презентираше и конкретните бројки за патничкиот сообраќај:

„Минатата година само скопскиот аеродром помина преку 3 милиони патници, а вкупно на двата аеродроми беа над 3 милиони и 350 илјади. Оваа година очекуваме над 3,5 милиони, а следната година таргетираме над 4 милиони патници на двата аеродроми. Тоа е огромен успех за држава со еден милион и осумстотини жители која нема излез на море“, заклучи вицепремиерот Николоски.

Најнови вести од: Македонија

„Политико“: Брисел му нуди на Скопје „добредодојдовте во чекалницата!“, но Муцунски бара „многу понапредна позиција отколку сега“!

„Од Брисел: ‘Добредојдовте во чекалната’! Тоа ги вклучува Косово и С.Македонија, обете на распоредот на фон дер Лајен, заедно со фаворитите Албанија и Црна Гора. По ова предизвикот за Урсула Лаен е да ги убеди дека Брисел не создава кандидати за ЕУ втор ред.“ – објави денес европскиот аналитички магазин „Политико“. Од друга страна, информативната агенција „Нетпрес“ јавува дека ЕУ нуди ограничен пристап до заедничкиот пазар на земјите-кандидатки, ако се против Русија и Кина.

Бендевска: СДСМ не беа и на денешната средба за Изборниот законик, немаат демократски капацитет и ги сопираат реформите!

Претставничката на ЗНАМ во работната група за реформи во изборното законодавство Весна Бендевска денеска во име на Движењето ЗНАМ искажа длабоко разочарување, поради повторното недоаѓање на СДСМ на оваа средба, нагласувајќи дека токму нивното отсуство говори за немање демократски капацитет.

Директорот на Историскиот музеј во Крушево Миха Оџаклиески поднесе оставка по реакциите за „Секси мама“ во „Македониумот“,

Оџаклиески ја опиша својата одлука како личен, морален и етички чин, со кој, како што наведува, презема одговорност кон институцијата и јавноста. Оставката доаѓа по реакциите за снимањето на спотот на косовскиот рапер Дон Џони во внатрешноста на „Македониумот“, кој е заштитено културно наследство.

Проверете си ги радијаторите!

Од Регулаторната комисија упатија апел до сите заедници на станари навреме да ги проверат внатрешните инсталации во објектите и да ги подмират евентуалните заостанати сметки за електрична енергија за топлинските потстаници, со цел старт на грејната сезона без неочекувани прекини и проблеми

Политико: ЕУ ќе им понуди пристап до единствениот пазар на земјите-кандидатки

Економските придобивки би биле условени и можат да се одземат ако земјите-нечленки се откажат од демократијата или споделуваат чувствителна технологија со непријателски настроени влади, се вели во планот

Професионалните возачи не се туристи!

Дури 77,5 отсто од нашиот извоз оди директно во ЕУ. Нелогично е возачите што ја опслужуваат европската индустрија да подлежат на истите шенгенски ограничувања од 90 дена како и туристите“, вели Даниел Матракоски, координатор за меѓународна соработка во Комората

Најнови вести

To top