Свет

Трамп се смилува: Куба може да добие малку нафта

Тој ги отфрли тврдењата дека дозволувањето на руски танкер да стигне до Куба ќе му помогне на Путин. „Тоа не му помага. Тој ќе загуби еден  брод со нафта тоа е сè“, рече американскиот претседател

Руски танкер за нафта, кој е цел на американските санкции, треба да пристигне во Куба денеска и покрај енергетската блокада на островот од страна на САД, објави АФП.

Кубанската влада вели дека не примила нафта од јануари, продлабочувајќи ја енергетската криза во земјата со 9,6 милиони жители.

Бродот „Анатолиј Колодкин“, кој превезува 730.000 барели сурова нафта, беше пресретнат северно од Хаити во неделата додека се упатуваше кон пристаништето Матанзас во западна Куба.

Куба го загуби својот главен регионален сојузник и снабдувач со нафта во јануари кога американските сили го заробија социјалистичкиот лидер на Венецуела, Николас Мадуро.

Американскиот претседател Доналд Трамп тогаш се закани дека ќе воведе тарифи за секоја земја што испорачува нафта во Куба и размислуваше за „преземање“ на островот, кој е под комунистичка власт.

Но, Трамп вчера сигнализираше промена на мислењето велејќи дека „нема против ниту една земја да испорачува нафта на островската држава.

Говорејќи пред новинарите, Трамп изрази сочувство за кубанскиот народ и нивната потреба за енергија, нагласувајќи дека не е загрижен што помошта за Куба може да ја поддржи комунистичката влада во Хавана, бидејќи предвидува дека таа наскоро сама ќе падне.

„Ако некоја земја сака да испрати малку нафта на Куба во моментов, немам ништо против, без разлика дали е тоа Русија или не“, рече Трамп.

Тој ги отфрли тврдењата дека дозволувањето на танкерот да стигне до Куба ќе му помогне на рускиот претседател Владимир Путин. „Тоа не му помага. Тој ќе загуби еден  брод со нафта тоа е сè“, рече Трамп.

„Куба заврши. Имаат лош режим. Имаат многу лошо и корумпирано раководство, а добивањето на еден танкер за нафта не значи ништо. Подобро да го пуштам, без разлика дали е руски или на некој друг, бидејќи на луѓето им треба греење, ладење и сите други потреби“, додаде Трамп.

Најнови вести од: Свет

Над 50.000 американски војници на Блискиот Исток

Воени експерти предупредуваат дека дури и 50.000 војници, од кои голем дел се на море, е премал број за каква било голема копнена операција. За споредба, Израел распореди повеќе од 300.000 војници во своите операции во Појасот Газа

To top