Македонија

Мицкоски предводи владина делегација во политичко-економска посета на Унгарија

Средба во Будимпешта со премиерот Виктор Орбан

Унапредување на билатералните односи, економската соработка и актуелните регионални и европски прашања ќе бидат тема на разговор на денешната средба што во Будимпешта ќе ја има премиерот Христијан Мицкоски со премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Мицкоски, кој денеска заедно со владина делегација престојува во политичко-економска посета на Унгарија, по средбата со Орбан, ќе има обраќање на бизнис-форумот во Будимпешта со наслов Ден на деловна соработка помеѓу Унгарија и Македонија, каде што ќе се воспостават нови контакти и ќе се разгледаат можностите за продлабочување на економската соработка меѓу унгарските и македонските компании.

Во состав на владината делегација се и вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, директорот на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот, Рефик Џемаили, директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Гоце Димовски, како и директорката на Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво, Даниела Димовска

Најнови вести од: Македонија

Претседателките на Македонија и Индија на свечено откривање спомен биста на Махатма Ганди

Откривањето на споменикот на овој духовен водач на индиската борба за независност претставува траен симбол на вредностите што ги обединуваат народите и поттик за натамошно зајакнување на пријателството меѓу Македонија и Индија

Повеќе пари за земјоделците, за учениците и студентите, за здравствената заштита, спортот

Министерството за финансии соопшти дека во дополнетиот ребаланс се вградени амандманите усвоени по комисиската расправа во Собранието, а предлогот ќе биде доставен до пратениците на усвојување

Друпади Мурму заедно со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ќе се обратат на церемонија на откривање на биста на Махатма Ганди.

По церемонијата во Музејот на град Скопје, претседателката Сиљановска-Давкова и претседателката Мурму ќе се упатат кон Охрид, кадешто ќе го посетат манастирскиот комплекс Свети Наум, како и манастири и цркви во Стариот град на Охрид

МВР: Од невремето вчера 180 паднати дрвја, 117 оштетени возила над десетина повредени

Според податоците на МВР, синоќаа, до 22:00 часот на подрачјето на СВР Скопје се евидентирани 117 оштетени патнички возила, 35 оштетени кровови, 189 паднати дрвја, седум оштетени семафори, пет пожари и 10 повредени лица

To top