Македонија

Стојанче ја газел Ивана со нозете по стомакот, сведочеше сведокот Саздов

Стојанче ја газел со нозете по стомакот, сведочеше Мартин Саздов, зборувајќи за повредите на Ивана, модринките и слично,на денешното рочиште во Кривичниот суд во Скопје на судењето на Стојанче Јовановски за смртта на неговите сопруга и ќерка, Ивана и Катја.

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судењето против Стојанче Јовановски за смртта на неговата сопруга Ивана и ќерката Катја, при што сведочеше Мартин Саздов. Тој одговараше на прашања од одбраната, а во својот исказ изнесе нови детали за односот меѓу обвинетиот и Ивана, како и за наводното семејно насилство, пренесе МИА. Саздов сведочеше дека Ивана не сакала случајот да се пријавува во полиција, туку се надевала дека проблемите ќе се решат без институционална постапка. 

Ивана сакаше да се реши убаво работата, да нема пријавувања, додаде меѓу другото сведокот – одговарајќи на прашања на одбраната.

Во текот на рочиштето, обвинетиот директно му поставуваше прашања на сведокот. -Дали со Ивана правевте планови како да се ослободите од мене? – го праша Стојанче Мартин, на што тој одговори – да.

Сепак, Саздов негираше дека имало било какво местeње за дрога, иако беше прашан за наводно подметната дрога во автомобил. На прашањето дали ја присилувал Ивана да се дрогира, сведокот одговори дека токму таа му кажала дека Стојанче ја терал на тоа. -Никогаш не сум и зборувал да се дрогира – рече Саздов.

Стојанче го праша зошто не го пријавил инцидентот кога бил удрен со возило, како и наводниот напад со калашников, што Саздов го негираше. Тој објасни дека не пријавил затоа што му било жал и сакал случајот да се заборави.

Во судницата беа изнесени и обвинувања дека Саздов наводно испратил лице да го тепа Стојанче во затворот Шутка, што сведокот категорично го отфрли. -Јас не познавам таков човек и никогаш не сум бил во контакт со некој од затворот – одговори Мартин.

Во однос на експлицитните видеа, Саздов објасни дека Ивана му побарала да ѝ ги испрати, но подоцна дознал дека тоа било по притисок од Стојанче. -Ивана ми пиша порака те молам прати ми ги видеата, многу ми е битно, потоа дознав Стојанче ја терал тоа да го напише – одговори Саздов.

Тој негираше и дека ѝ се заканувал на Ивана во врска со нејзиното дете. -Не можам да се заканувам со тоа дека можам да одземам нечие дете – одговори Мартин.

Саздов сведочеше дека не видел директно физичко насилство врз Катја, но потврди дека Стојанче ја навредувал. Ивана му раскажувала и за ситуации во домот, како на пример кога Катја земала нешто од него, по што тој реагирал агресивно. На прашање од судијата, сведокот изјави дека Ивана била многу загрижена за иднината на детето и условите за живот. -Да, беше загрижена, ми викаше цело време – Катја си ја сака собата. „Ако не сме тука во станот, каде ќе одиме?“ – тврди Мартин.

Тој додаде дека Ивана имала добри односи со своето семејство, но дека тие се нарушиле откако се откажала од наследството од татко ѝ поради ситуацијата со Стојанче. Според сведочењето, мајките на Ивана и Стојанче тајно им носеле храна, бидејќи обвинетиот еднаш ја фрлил храната што ја донела мајката на Ивана. Во делот за насилството, Саздов изнесе тешки обвинувања за физичко малтретирање.

-Стојанче ја газел со нозете по стомакот – сведочеше Мартин, зборувајќи околу повредите на Ивана, модринките и слично. Дополнително, сведокот посочи дека бил оттурнат кога сакал да пријави насилство во полициска станица.

-Кој си ти да пријавуваш, го избркале од полициска станица кога сакал да пријави насилство врз Ивана, сведочи Мартин. На рочиштето сведочеше и Ивана Белчева, која изјави дека не го познавала обвинетиот и дека првпат го видела на 19 декември 2025 година, пред маркет во Ѓорче Петров, каде што забележала расправија и вознемирено дете.

-Забележавме луѓе кои се расправаат – рече таа, а девојче плачело. Таа заедно со друга жена се обидела да ја смири ситуацијата и да го утеши детето. -Јас и жената застанавме помеѓу Стојанче и Ивана да ги разделиме – сведочеше таа.

Белчева ја земала Катја во прегратки за да ја смири, додека, според нејзиниот исказ, Стојанче повторно ја удрил Ивана по главата и телото. Потоа била повикана полиција, а таа дала изјава и потпишала записник. На прашање од одбраната, таа додаде дека во еден момент видела расправија меѓу Ивана и трета жена, но не забележала физички контакт, иако слушнала дека имало. 

Судењето продолжува утре со сослушување на братот на Ивана, наставничката на Катја и сосетка.

Најнови вести од: Македонија

Вештачката интелигенција станува секојдневие за македонските ученици, но сепак тие бележат слаби резултати во математика, читање и наука!

Македонските ученици постигнале пониски резултати од просекот на земјите од ОЕЦД во сите три главни области – математика, читање и наука, како и во делот за решавање компјутерски проблеми, покажува тестирањето, кое ги мери вештините за решавање проблеми и примената на знаењето во реални ситуации. Според најновите резултати од меѓународното оценување на учениците ПИСА 2025 […]

Тошковски во посета СВР Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово, по што го посети и Секторот за внатрешни работи Тетово, каде со раководството разговараше за актуелната безбедносна состојба, предизвиците и резултатите од работењето. На средбата со раководството на Универзитетот се разговараше за продлабочување на соработката […]

„Корча плус“:Општина Пустец заборавена, жителите бараат конкретни инвестиции!

Жителите на Пустец со години чекаат подобра инфраструктура. Иако Преспа има огромен природен и туристички потенцијал, состојбата со патиштата и понатаму останува еден од најголемите проблеми за локалното население, објави албанскиот медиум „Корча плус“, пренесува весникот „Илинден”.

Мицкоски: Владата прави методологија струјата да не поскапи, а ако е можно – и да поевтини!

Владата прави методологија за да се задржи истата цена на струјата, но се обидува македонските граѓани да имаат и поевтина струја, најави денеска при посетата на Штип претседателот на Владата Христијан Мицкоски, кој одговараше на новинарски прашања дали ќе се зголеми цената и каква е енергетската слика во земјата.

Мицкоски: Промакедонската Влада на Македонија „потроши“ НУЛА денари за концертот на Гета и другите настани за одбележувањето на независноста!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска откри колку пари од државниот буџет биле „потрошени“ за целокупната едномесечна програма за одбележување на 35 годишнината од независноста на Македонија.

Јаневска: Изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“ го повлекуваме, заради длабока ревизија по барање на јавноста

Изборен предмет „Сеопфатно сексуално образование“ во средно образование ќе нема. МОН одлучи да ја повлече наставната програма за да се направи ревизија. Ова денеска го соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакциите за воведувањето на овој предмет по избор за средношколците од прва до четврта година.

Вчера битолчанецот Михаил Николовски (15) спаси тричлено бугарско семејство од давење во разбеснетите бранови на Егејското Море во Грција!

Вистинска драма вчера се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде што силните бранови и подводните струења за малку ќе го однеле во смрт цело тричлено семејство од Бугарија. Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал 15-годишниот битолчанец Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море.

Најнови вести

To top