Акциите на берзите паднаа, доларот се зацврсти, а цените на нафтата пораснаа откако Трамп не даде јасен преглед за тоа кога ќе заврши конфликтот.
Изгледите за крај на едномесечната војна меѓу САД и Израел со Иран г го соборија доларот од неговите неодамнешни максимуми во март кога зголемените цени на нафтата ги доведоа ризичните средства во остар пад.
Но, акциите паднаа откако Трамп изјави дека САД ќе го нападнат Иран „екстремно силно“ во следните две до три недели и ќе ја вратат земјата во „камено доба“
Трамп, во обраќањето до нацијата најави брзо смирување на берзите и пад на цената на горивата.
„Многу Американци беа загрижени поради неодамнешното зголемување на цените на бензинот дома. Ова краткорочно зголемување е целосно резултат на иранскиот режим што започна со пореметени терористички напади врз комерцијални танкери за нафта на соседните земји кои немаат никаква врска со конфликтот“, рече Трамп.
Тој, исто така, предвиде дека ударите врз финансиските пазари наскоро ќе престанат.
„Нашата економија е силна и се подобрува секој ден, и наскоро ќе се врати како никогаш досега. Ќе ги достигне нивоата што ги имаше пред еден месец“, рече тој.
Ројтерс пренесе некои од реакциите на инвеститорите и аналитичарите:
„Пазарите сигурно не го толкуваат говорот како позитивен. Ако се обидуваше да инспирира доверба на пазарите, тоа не го сторил. Клучното прашање во умовите на сите инвеститори е „кога ќе заврши ова?“ Тоа е она што ја создава нестабилноста“, вели Расел Чеслер, раководител на инвестиции од Сидднеј..
Казунори Татебе, главен стратег на DAIWA ASSET MANAGEMENT, од Токио оцени дека во говорот на Трамп немаше никакво споменување за деталите за тоа кога ќе заврши војната или кога ќе стане можно минување низ Ормутскиот теснец.
„Сè уште има неизвесности. Значи, домашните акции нема да се упатат кон понатамошен раст. Ни треба уште еден чекор напред, како што е можноста за отворање на теснецот.“ Позитивната страна е што војната нема да ескалира.“вели тој.
„Трамп звучеше прилично несреќно за човек кој имаше толку многу победи во оваа војна. Без планови за повторно отворање на Ормутскиот теснец, кој ефикасно го затвори, цените на нафтата ќе останат високи на неодредено време. Затоа, само седиме тука чекајќи ја следната рунда на инфлација додека Трамп си заминува со опашката меѓу нозете“, оцени Мет Симпсон, маркет-аналитичар STONEX, Бризбејн, австралија.
„Немаме дополнителна сигурност или јасност околу временската рамка од ова обраќање, и тоа е она што пазарот го бараше. Фактот дека можеме да очекуваме уште 2-3 недели акција, дека не се исклучени борбените сили на терен и дека заканите за удар врз инфраструктурата беа повторени, ќе го врати пазарот во дефанзива, особено како што влегуваме во долгиот викенд“, беше реакцијата на Џон Витар, менаџер од PICTET ASSET MANAGEMENT, во Сингапур.