Македонија

Савески: За одлуката на Ристоска дознав преку смс-порака, повлекувањето на овластувањата не беше лично

Државниот јавен обвинител Ненад Савески изразува жалење за оставката на обвинителката Ленче Ристоска велејќи дека за причините за ваквата одлука дознал од медиумите. Тој тврди дека одлуката за одземање на овластувањата кои на Ристоска ѝ биле дадени од претходните обвинители не е персонална и насочена кон нејзината работа

Во реакцијата од Савески се вели дека Ристоска за одлуката го известила преку смс-порака. Савески вели дека со заминувањето на Ристоска од обвинителската функција, Јавното обвинителство останува без обвинител од кого очекувал дека со своето повеќегодишно драгоцено искуство ќе даде придонес кон зајакнување на капацитетите на оваа институција, особено со нејзината позиција како обвинител за врски со Европравда.

Тој тврди дека одлуката за одземање на овластувањата кои на Ристоска ѝ биле дадени од претходните обвинители не е персонална и насочена кон нејзината работа. Целта вели дека била од организациска природа за зголемување на ефикасноста на институцијата. 

Савески упатува порака до сите јавни обвинители заедно и секој поединечно, да не дозволат ништо да влијае врз професионалниот интегритет и секојдневната работа. „Ги повикувам сите општествено влијателни субјекти да создадат атмосфера во која угледот на обвинителството нема да се загрози, бидејќи тоа е во интерес на сите граѓани“, вели Савески.

Тој истакнува дека сите одлуки што ги носи од почетокот на извршувањето на оваа функција се во насока да се гарантира независноста и самостојноста во работењето на Јавното обвинителство. 

Јавната обвинителка Ленче Ристоска денеска поднесе оставка од функцијата. Ваквиот потег доаѓа како резултат на, како што вели таа, долгогодишните притисоци, опструкции и неодамнешните одлуки на Советот на јавни обвинители и државниот јавен обвинител со кои ѝ се одземаат предмети на кои работи изминатите години.

„360 степени“

Најнови вести од: Македонија

Утре започнува четвртото издание на „Taste the South“ на нова локација во Гевгелија

Утре, 11 септември, во Гевгелија започнува четвртото издание на гастрономско- музичкиот фестивал „Taste the South“. Во текот на три фестивалски дена, посетителите ќе имаат можност да уживаат во традиционални вкусови, локални гастрономски производи, вина, музика и програма наменета за сите генерации

(Видео): Нула денари од Буџетот за прославата за независноста, за разлика од 8,2 милиони евра „во воздух“ кај Груби и Бајрами, велат од Владата

На Државна лотарија ѝ било укажано да обезбеди средства од нераспределената добивка предвидена за 2024 година во висина од 300 милиони денари за спонзорирање на настаните како и да објави јавен повик за прибирање на понуди за реализација на спонзорираните настани.

Клековски: Западнонилската треска стивнува, на Клиниката за инфективни болести сe згрижени шест пациенти

Министерот за здравство Сашо Клековски вели дека епидемијата на западнонилската треска стивнува, за што говорат податоците дека во последните две седмици има по два нови случаја, а и на Клиниката за инфективни болести моментно се згрижени шест пациенти, од кои само двајца се во потешка состојба.

Мицкоски: Колку и да сакаат да го оцрнат работењето на оваа Влада, денес многу подобро се живее отколку пред 3 години!

„Пред 25-26 месеци наследивме  уништени институции, ограбена економија, клекната на колена држава, разочарани и демотивирани граѓани. И сега,  колку и да сакаат да го оцрнат тоа што денеска оваа Влада го работи, ќе мора сите да се согласиме дека денеска многу подобро се живее од тоа што беше пред три години.“ – изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи  на новинарско прашање во врска со забелешките на опозицијата околу порастот на бруто-домашниот производ.

Најнови вести

To top