Македонија

Андоновски: ВИ не е ни закана, ниту магично решение, да ја гледаме како алатка

„Иднината на работата во ерата на вештачката интелигенција“ организиран од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) на УКИМ

Да не ја гледаме вештачката интелигенција ниту како закана што ќе нè парализира, ниту како магично решение што само по себе ќе ги надмине сите предизвици. Да ја гледаме како алатка што бара знаење, вредности, визија и соработка. Да изградиме дигитална иднина што не го оттурнува човекот, туку го зајакнува и што не создава страв туку можности, порача министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски на отворањето на форумот „Иднината на работата во ерата на вештачката интелигенција“ организиран од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања (ИСППИ) на УКИМ.

Во последните две години вештачката интелигенција (ВИ), рече тој, не е веќе тема на иднината туку тема на сегашноста и е тема што отвора дилема како ќе се менуваат професиите и како ќе се менува образованието, институциите и јавните услуги.

Андоновски смета дека во училиштата и на факултетите што не се од техничкото образование треба да има модули за ВИ затоа што младите луѓе, како што рече, се оставени самите да го пополнуваат тој вакуум на немање вештини. Притоа праша што ако тоа го прават на погрешен начин и како ќе се справуваме со последиците.

– Дали ќе дозволиме таа да се развива без јасна насока, без етичка рамка и без грижа за човекот кој е во центарот на промените.  Нашиот одговор треба да биде многу јасен – вештачката интелигенција треба да му служи на човекот, а не човекот на технологијата. И затоа денес кога зборуваме за иднината на работата не треба да зборуваме само за автоматизација, туку за вештини, за образование, за преквалификација, да зборуваме за еднакви можности и за нашата институционална подготвеност. Затоа што работните места веќе се менуваат, некои задачи стануваат побрзи, поедноставни, поавтоматизирани. Но, токму затоа уште поважни ќе стануваат и човечките квалитети што не можат лесно да се заменат – етичкото размислување, проценката, креативноста, комункацијата, емпатијата и способноста за носење одлуки, истакна Андоновски.

Министерот порача дека не е доволно само да се следат технолошките промени туку е важно како да создадеме услови тие промени да бидат корисни за нас – праведни и развојни и оти во таа насока МДТ има системски и координиран пристап за изградба на дигитална инфраструктура и паметно користење на податоците.

Посочи дека  МДТ и УКИМ аплицираа за крупен проект за ВИ наречен „Везилка“, кој ќе треба да го оформи центарот за вештачка интелигенција во Скопје, и дека е формирана работна група од академската заедница за подготовка на првата национална стратегија за употреба на вештачката интелигенција.

Најнови вести од: Македонија

Директорка и нејзина колешка со пари од Државна лотарија си купувале чанти „Диор“, „Хермес“, „Луј Витон“

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против две службени лица вработени во Акционерското друштво за приредување игри на среќа Државна лотарија на Република Северна Македонија поради постоење на сомнение за сторени кривични дела “Проневера во службата” од член 354 од КЗ на РСМ и“Фалсификување или уништување деловни книги” од член 280 од КЗ на РСМ.

(Видео): Околу 25 милиони евра годишно се давале на починати луѓе, обелодени премиерот

Над 4.500 лажни корисници на социјална помош. Мицкоски рече дека на годишно ниво од државниот буџет биле издвојувани повеќе од една милијарда, а можеби и до 1,5 милијарди денари за исплати на вакви корисници или околу 25 милиони евра.

Помалку одење по шалтери, електронски процедури и олеснувања за пациентите – усвоени нови правила за боледувања

Со измените се воведуваат повеќе конкретни олеснувања за осигурениците и матичните лекари, со цел да се намалат непотребните административни постапки и движењето на пациентите низ здравствениот систем.

To top