Свет

Правници: „Ова што САД го прават во Иран може е воено злосторство“

Тие особено го истакнуваат коментарот на Трамп од средината на март, во кој тој рече дека САД можат да извршат напади врз Иран „само за забава“

Стотина американски експерти за меѓународно право потпишаа отворено писмо во кое се вели дека американските напади врз Иран може да претставуваат воено злосторство, откако претседателот Доналд Трамп ги повтори заканите дека ќе ги нападне иранските електрани и постројките за прочистување вода.

Трамп, кој претходно даваше различни временски рокови и цели за војната, рече во телевизиското обраќање во средата дека војната може да ескалира доколку Иран не отстапи според условите на Вашингтон, со можни напади врз енергетската и нафтената инфраструктура на Иран.

Експерти, вклучително и оние од универзитетите како Харвард, Јеил, Стенфорд и Универзитетот во Калифорнија, во писмо објавено во четвртокот рекоа дека однесувањето на американските сили и изјавите на високи претставници „покренуваат сериозна загриженост за кршење на човековите права и меѓународното хуманитарно право, вклучително и потенцијални воени злосторства“.

Притоа, тие особено го истакнуваат коментарот на Трамп од средината на март, во кој тој рече дека САД можат да извршат напади врз Иран „само за забава“. Ги цитира и коментарите на шефот на Пентагон Пит Хегсет од почетокот на март, во кои тој рече дека САД не се борат според „глупави правила“.

Во писмото, објавено на веб-страницата на списанието Just Security, експертите велат дека се „сериозно загрижени за ударите што ги погодија училиштата, здравствените установи и домовите“, истакнувајќи го ракетирањето на училиште во Иран на првиот ден од војната.

Нова закана од Трамп: Ќе уриваме мостови, електрани (ВИДЕО)

Најнови вести од: Свет

Воениот комитет на НАТО бара драматично забрзување на испораката на оружје

Брзината на испорака на неопходните одбранбени капацитети мора „драматично“ да се зголеми, изјави денеска шефот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, на прес-конференција по состанокот на началниците на одбраната на земјите-членки во седиштето на Алијансата во Брисел

Куба ќе се брани ако биде нападната од САД

Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера кубанското Министерство за надворешни работи, пренесе германската новинска агенција ДПА. „Антикубанската кампања насочена кон оправдување, без никаква паричина, на воен напад врз Куба се интензивира секој час, со сè повеќе неубедливи обвинувања. САД се […]

To top