Македонија

Јотова и европратениците на вонреден состанок за „опасноста“ од гласање со квалификувано мнозинство за Македонија во ЕУ

Претседателката на Бугарија и тамошните членови на Европскиот парламент ја разгледале можноста за укинување на правото на вето

Можноста за укинување на ветото при прием на нови членки во Европската унија, а во контекст на Македонија, била една од темите на разговор на средбата меѓу бугарската претседателка Илијана Јотова и тамошните европратеници.

„Во разговорот се дискутираше за обидите на Северна Македонија да ги замени елементите во усвоената преговарачка рамка што се спротивни на европскиот консензус од 2022 година. Исто така, се дискутираше за опасноста од промена на методот на гласање при прием на нова земја во Европската Унија со квалификувано, а не со апсолутно мнозинство“, се вели во соопштението на прес-службата на Јотова.

Повод за состанокот беше подготовката и претстојното гласање во Европскиот парламент во јуни за годишниот извештај за напредокот на Македонија на патот кон ЕУ.

„Учесниците на состанокот беа категорични дека Бугарија, со самодоверба на полноправна членка на Европската Унија, мора да ја брани својата цврста позиција и да инсистира на имплементација од страна на Скопје на францускиот предлог од 2022 година, кој стана и паневропска позиција за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ. За да започнат преговорите, Република Северна Македонија мора да ги исполни своите обврски со вклучување на Бугарите во својот Устав. Бугарија и Северна Македонија немаат билатерален проблем, нашиот западен сосед мора да ги исполни европските критериуми за членство, од кои главен е заштитата на човековите права“, се додава во соопштението.

Што знае Софија што не знае Скопје, или Македонија само се прави дека не знае?

Тргна ли германскиот булдожер или зошто Јотова свика панична средба за Македонија

Најнови вести од: Македонија

Муцунски: Нема „северномакедонски народ, идентитет и јазик“, туку само македонски народ, јазик и идентитет, секое нивно оспорување ќе наиде на соодветен одговор!

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-расправата „ ЕУ и Западниот Балкан: заедничко решавање на недовршените работи“ во рамки на Дубровник- форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување. Во обраќањето министерот Муцунски се осврна на актуелните иницијативи за постепена интеграција на земјите кандидати во Европската Унија, оценувајќи дека тие можат да бидат значајна алатка, ако претставуваат мост кон полноправното членство. „Ако новиот модел на постепена интеграција претставува мост кон полноправно членство, тогаш ќе биде исклучително корисен. Но, мора да внимаваме да не стане алатка, која ќе создаде трајна чекалница без врата кон целосно членство“, истакна Муцунски.

Лефков: Филипче е слуга на Бугарија и не го засегаат нејзините напади врз Македонија, идентитетот, јазикот и историјата!

„Додека државните претставници на Македонија секој ден наоѓаат начини за соработка, јакнење на билатералните односи, јакнење на позицијата на државава на меѓународна сцена како што се деновиве активностите на министерот Муцунски во Дубровник, дома го имаме опозиционерот Венко Филипче и неговите другари од раководството на СДС, кои знаат само да слугуваат на туѓи интереси, сега конкретно слугуваат на Бугарија!“ – нагласи на денешната прес-конференција Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Ѓорче Петров, жестокиот борец против врховизмот и великобугарските посегања кон Македонија, „земјата врз која се излеал сиот божји благослов“

Денеска се одбележуваат 105 години од убиството на Ѓорче Петров, еден од идеолозите на македонската револуционерна борба  за слобода на македонскиот народ и за создавање самостојна македонска држава. Поради своите чисто македонски позиции, Ѓорче Петров станал најнапаѓаниот член на ВМРО од страна на великобугарските врховисти. Неговиот став кон Бугарија и бугарската политика бил критичен – тој се борел за самостојна македонска ослободителна борба и остро се спротивставувал на бугарските врховистички обиди и мешања во внатрешните работи на Организацијата. Ѓорче Петров бил еден од авторите на Уставот на ТМОРО, чија цел била создавање самостојна македонско-одринска област. Тој бил жесток противник на бугарскиот Врховен комитет (врховистите), кој се обидувал да ја стави македонската револуционерна борба под контрола на официјална Софија. Во своето капитално дело „Материјали по изучувањето на Македонија“, тој ги отфрлил стремежите на соседните држави. За бугарските и српските пропагандни тврдења дека македонското население е бугарско, односно српско, тој јавно истакнал дека „тие докажувања не вредат ни луле тутун“. Во 1920-тите години дошол во сериозен политички судир со Тодор Александров. Ѓорче Петров бил убиен на 28 јуни 1921 година среде Софија, по налог на Тодор Александров, а атентатот го извршил Турчинот Реџеп.

Василевска: Македонија и оваа година ќе биде пример во регионот за исполнување на реформските задачи

Европските институции ја потврдуваат посветеноста на Македонија во спроведувањето на реформскиот процес, што резултираше со најзначајна финансиска поддршка од Планот за раст

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчи за бугарските провокации и работи на штета на државата

Филипче беше дел од структурата на СДС која ги распродаде македонските национални интереси, структура која го понижи македонскиот идентитет, го доведе во прашање јазикот и историјата

Одбележување на 80-години од почетокот на Граѓанската војна во Грција и 78-годишнината од прогонството на децата Македонци

Во организација на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија МАКЕДОН и соорганизација на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Сонцето од Кутлеш“ – Скопје

Најнови вести

To top