Македонија

До 30 април, попуст од ОКТА за горивата

„Попустот за дизел изнесува три денари по литар, а за бензините од 95 и 98 октани останува два денари по литар“, соопштија од компанијата

Наместо до 6 април, попустот што компанијата ОКТА го воведе за горивата ќе трае до крајот на месецот, односно до 30 април, информираат оттаму, пренесува МИА.

Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, компанијата до 30 април го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци.

„Попустот за дизел изнесува три денари по литар, а за бензините од 95 и 98 октани останува два денари по литар“, соопштија од компанијата.

Иницијативата, како што велат од компанијата, е доброволна, со што им се овозможува на трговците да ја пренесат добивката кон крајните потрошувачи во земјава.

„Сепак, големопродажните и малопродажните трговци имаат целосна слобода самостојно да ги дефинираат своите цени, согласно нивната комерцијална политика“, велат од ОКТА.

Како одговор на тековната меѓународна ценовна нестабилност, ОКТА до 30 април 2026 година го продолжува попустот што се нуди при продажба на дизел и бензини кон големопродажните и малопродажните трговци. Попустот за дизел изнесува 3 денари по литар, додека попустот за бензин од 95 и 98 октани останува 2 денари по литар, информираат од компанијата.

На 24 март, од ОКТА информираа дека наместо до крајот на март, попустот ќе трае до 6 април.

Дополнително, компанијата донела одлука за воведување дополнителен попуст од еден денар по литар за дизелот, што значи дека од денеска попустот се зголемува од два на три денари по литар.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top