Македонија

Семос Едукација и Microsoft ги обучија институциите во Албанија за примена на вештачка интелигенција

Семос Едукација, во партнерство со Microsoft, спроведе обука за 1846 административни службеници

Семос Едукација, во партнерство со Microsoft, спроведе обука за 1846 административни службеници во Република Албанија, насочена кон практична примена на вештачката интелигенција во институционалното работење.

Програмата се реализираше преку осум сесии, во кои учесниците се запознаа со основите на вештачката интелигенција и генеративната вештачка интелигенција, користењето на Copilot Chat и принципите на promptengineering. Фокусот беше ставен на практични, реални сценарија, со цел стекнатите знаења директно да се применат во секојдневната административна работа.

Обуката беше структуирана да одговори на конкретните потреби на институциите, со фокус на подобрување на ефикасноста, организацијата и квалитетот на донесување одлуки. Значаен дел од програмата беше посветен на употребата на Copilot Chat во процесите на усогласување со европските регулативи, што претставува клучен приоритет за албанската администрација во контекст на приближување кон европските стандарди.

Во согласност со официјалната Microsoft програма MS-4023, обуката се реализираше под водство на сертифицираниот обучувач Кујтим Рахмани, со поддршка од Агрон Муареми како модератор. Ваквиот пристап, кој ги комбинира меѓународно признатите стандарди со практично искуство, овозможи пренос на знаење со директна вредност за институционалното работење.

Позитивните реакции од учесниците ја потврдија релевантноста на обуката и потребата од континуирано унапредување на дигиталните вештини во јавниот сектор, како предуслов за современа, ефикасна и европски усогласена администрација.

Со оваа соработка, Семос Едукација дополнително ја зацврстува својата позиција како лидер во ИТ-едукацијата во регионот и стратешки партнер на институциите во процесите на дигитална трансформација и унапредување на административните капацитети.

Најнови вести од: Македонија

АХВ спречила тони небезбедна храна да влезат во Македонија

Повеќе од 367 тони небезбедна храна било спречено да стигнат до трпезите на граѓаните во изминатите две години, соопшти директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на одбележувањето на 15-годишнината од постоењето на институцијата и Светскиот ден на безбедноста на храната

„Купиле“ бебе за 500 евра и незаконски го посвоиле

Успеале да ја убедат 35 годишната С.Ј., која живеела во вонбрачна заедница со нејзиниот невенчан сопруг И.А., за „финансиска помош“ и бесплатни гинеколошки прегледи да извршат незаконско посвојување на нивното новородено бебе

Градежниот сектор продолжува да биде еден од главните носители на економскиот раст

Градежниот сектор во првото тромесечје од оваа година бележи раст од 7,2 проценти во споредба со истиот период минатата година, а во сегментот на нискоградбата е регистриран двоцифрен раст од над 20 индексни поени

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да разбере дека Македонија нема да оди напред преку понижувања

Венко Филипче не ги брани македонските позиции и македонските интереси, туку упорно ја застапува агендата која целосно им одговара на официјална Софија и на бугарските интереси, велат од владејачката партија

УЈП ја започна третата фаза од проектот е-Фактура

Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури.

To top