Македонија

Стартува системот влез и излез за патување во ЕУ – Македонците ќе чекаат повеќе

Европската комисија потврди системот за влез и излез од утре станува целосно оперативен на сите надворешни граници на ЕУ. Сите патници што доаѓаат од земја што не е дел од ЕУ ќе мора да ги остават своите биометриски податоци, фото и отпечатоци од прсти во системот. Од Брисел велат има технички проблеми со системот кај некои земји членки за што до есен ќе дозволуваат негово делумно суспендирање во случај на предолги чекања на границите.

Стартува ЕЕС системот на Европската Унија за биометриска проверка на патници при влез во Шенген-зоната, со што значително се менуваат правилата на граничните премини. Со новиот систем, на надворешните граници на Европската Унија се воведува нов, дигитализиран начин на евиденција и контрола на државјани кои патуваат за краткорочен престој, а се од држави кои не се членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Македонија. Тоа значи дека ако утре патувате во земја од Европската Унија, на граничниот премин ќе ви земат отпечаток од прст и ќе ве фотографираат при првиот влез.

Подготвителната фаза покажала дека некои земји членки сè уште имаат технички проблеми со системот и поради тоа можно е на некои граници каде што има предолги чекања да се примени делумно суспендирање на системот без собирање на биометриските податоци.

  • „Утре системот за влез и излез ќе биде целосно применет. Кога системот функционира добро, потребни се само 17 секунди за регистрација на влез или излез. Свесни сме дека и покрај усвоениот рок неколку земји членки имаат технички проблеми. Во контакт сме со нив и споделуваме најдобри практики. Може да потврдиме дека системот препознава флексибилност кога има метеж на границите особено во лето кога се очекува зголемен број на движења. На пример, земјите членки можат да го суспендираат регистрирањето на биометриските податоци во случај на предолго чекање. Оваа можност ќе постои до септември.“изјави Аријана Подеста-портпаролка на Европската комисија.

Системот не важи за патување во Ирска и Кипар. Патниците со биометриски пасоши сами ќе може да ги скенираат пасошите на граничниот премин во ЕУ на систем за самопослужување. За побрзо завршување на регистрирањето на системот за влез и излез може да се користи мобилна апликација „Патување во Европа“ што овозможува на луѓето однапред да ги регистрираат своите податоци и фото од лицето 72 часа пред да стигнат на граничниот премин. Засега само во Шведска и Португалија.

Ова значи дека при прв влез во ЕУ, граѓаните ќе мора да поминат низ процес на регистрација, кој може да потрае подолго од вообичаеното. При следните патувања ќе се користи автоматско препознавање. Дополнително, ќе се евидентираат сите влезови и излези од ЕУ, со цел подобра контрола и откривање на злоупотреби, вклучително и лажни идентитети.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ќе нема зголемување на старосната граница за пензионирање, проблемите се детектирани се преземаат мерки

ВМРО-ДПМНЕ го исполни ветувањето, за две години пензионерите добија линеарно зголемување на пензиите од 7.000 денари, рече пратеничката Дијана Илиевска.

ВМРО ДПМНЕ: Фрчко Малиот да му поднесе кривична пријава на ексминистерот за здравство Филипче, кога се криеле 400 наоди за неисправна вода во Гостивар!

„Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

Средба Ферати – Колумбија: Младите и реформите кон ЕУ во средиштето на разговорите

Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со координаторката на Обединетите нации во Македонија Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата.

Вреди бара обвинение: Куќниот притвор на Артан Груби е при крај

Уште две недели остануваат до истекот на мерката куќен притвор за поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, кој е осомничен во истрагата за случајот поврзан со Државната лотарија. Времетраењето на истрагата повторно стана предмет на политички препукувања. Од ВРЕДИ го обвинија Обвинителството дека постапката се одвива со бавно темпо и побараа од институцијата да објасни зошто сè уште нема обвинение во случајот.

Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар во Штип

Зголемен е бројот на пациенти со мозочен удар во Штипската болница. Одделот за неврологија е скоро целосно пополнет. Зголемен е бројот на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок во лекарските ординации…

To top